НЕИЗБРИШАНИТЕ ГЛАСАЧИ ОД ПУСТЕЦ ПАК ЌЕ МОЖЕ ДА ГЛАСААТ В НЕДЕЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:23:"single_template_british";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕИЗБРИШАНИТЕ ГЛАСАЧИ ОД ПУСТЕЦ ПАК ЌЕ МОЖЕ ДА ГЛАСААТ В НЕДЕЛА

    Поголема група граѓани се обратила до Народниот правобранител со поплаки дека во Избирачкиот список, на нивната адреса, сѐ уште има и други луѓе. Дел од овие граѓани поднеле и претставки.

    Избирачкиот список е затворен и преостанатите фантоми, впишани со живеалишта на одредени адреси низ Македонија, ако се појават в недела ќе имаат право да гласаат, бидејќи личните карти им се важечки и покрај тоа што МВР веќе ги поништило.

    Како одела оваа работа и како таа не се завршила до крај, објаснуваат од Канцеларијата на Народниот правобранител. Овие граѓани, кои виделе дека во Избирачкиот список има на нивна адреса и други, непознати луѓе, се обраќале до Државната изборна комисија. Од таму ги препраќале во МВР за да се поништат живеалиштата на фантомите. МВР утврдило дека личните карти биле издадени неосновано, донело решение за поништување, издало и забрана за овие фантоми за повторно фотографирање и за вадење нови лични карти. Но, бидејќи Министерството не може да ги најде фантомите и да им ги врачи решенијата за поништување на нивните лични карти, тие остануваат неправосилни, а “поништените“ лични карти остануваат да важат. Така, ако се појават фантоми од Пустец на гласање в недела, тие ќе имаат право да гласаат, објаснуваат од кај Народниот правобранител.

    „Сите гласачи за кои од МВР добивме известување дека им се поништени личните карти, се избришани од Избирачкиот список“, изјави претседателот на ДИК Александар Чичаковски за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    За оваа категорија поплаки Народниот правобранител веќе отворил 20 предмети.

    Останатите две категории поплаки кај Омбудсманот се од редот на избришаните 28.341 сомнителни гласачи, кои и по повеќе проверки, апели, повици и јавувања на ДИК по телефон да го пријават своето право на глас, не го сториле тоа. Тие, велат од канцеларијата на Омбудсманот, остануваат надвор од Избирачкиот список и немаат право на глас на овие избори, иако, сите што се обратиле до сега таму, тврделе дека никогаш не ја напуштиле Македонија.

    Третата категорија граѓани што се јавувале се оние кои, поради технички проблеми во компјутерскиот систем на ДИК, исчезнале деновиве од Избирачкиот список, но Комисијата за овие гласачи на Омбудсманот му одговорила дека нив сигурно ќе ги има во избирачкиот список.

    С. К. Делевска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира