НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ НОВИ БЕГАЛСКИ КАМПОВИ, ВЕЛИ СПАСОВСКИ

    НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ НОВИ БЕГАЛСКИ КАМПОВИ, ВЕЛИ СПАСОВСКИМинистерот Спасовски денеска беше на македонско-грчката граница на новата рокада на словачки полицајци. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска беше на јужната граница, рече дека државата нема да гради нови бегалски кампови. Тој кажа дека двата кампа кои се транзитни се доволни доколку има нов бран бегалци. Според него, став на Владата е во овие кампови да се прифатат бегалците и да се транспортираат во други држави од западнобалканската рута.

    „Ние имаме два кампа кои се транзитни. Овој во Гевгелија и во Табановце и тие се сосема доволни за Македонија, бидејќи ставот на владата е дека овие центри се транзитни и доколку добие кризата на интензитет, ние треба да бидеме подготвени да ги прифатиме тие луѓе хумано и да ги транспортираме во други држави од западнобалканската рута. Не гледам причина за градба на нови кампови“, рече министерот Спасовски кој заедно со словачкиот амбасадор Мартин Брезак присуствуваа на новата рокада на словачки полицајци кои ке ја обезбедуваат границата со Грција за да ги спречат илегалните преминувања.

    „Ставот на Словачка е дека балканската миграциска рута треба да биде затворена, а секоја земја членка на ЕУ да дејствува поефикасно“, кажа Брезак и додаде дека досега на македoнско-грчката граница ротирале 190 полицајци од Словачка

    Во кампот „Винојуг“ кај Гевгелија во моментов престојуваат само осум мигранти кои не сакаат да се вратат во Грција, ниту пак во своите матични земји. Собранието во наредниот период треба да донесе одлука дали ке има продолжување на одлуката за прогласување на кризна состојба на јужната и северната граница донесена од 2015 година.

    В. ТРАЈКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира