НЕМА ЈАДЕЊЕ ДОДЕКА НЕ СЕ ФОРМИРА ВЛАДА, ЗАТВОРЕНА НАРОДНАТА КУЈНА ВО КУМАНОВО

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМА ЈАДЕЊЕ ДОДЕКА НЕ СЕ ФОРМИРА ВЛАДА, ЗАТВОРЕНА НАРОДНАТА КУЈНА ВО КУМАНОВО

    Корисниците на народната кујна во Куманово и Старо Нагоричене останаа без дневниот оброк, затоа што нема кој да им готви. Центарот за социјални работи од Куманово не го продолжил договорот со фирмата која што досега подготвувала храна, а ниту избрале нова, па трите пункта на народната кујна од средата се затворени, а 230 луѓе од најсиромашниот слој граѓани се гладни и се оставени сами да снаоѓаат како знаат и умеат да се прехранат, додека не се изнајде решение на проблемот, кој според Социјалното, настанал поради политичката состојба во државата.

    „Гладни се луѓето. Нема што да јадат. Оние што се помлади и можат да се движат претураат по контејнерите. Постарите буквално гладуваат дома. Не знаеме што е работата, од Социјално ни викаат нема храна додека не се формира влада. А ни социјална помош не сме добиле за овој месец“, вели разочарано еден од луѓето на кој на лицето му се чита загриженост и немоќ како да го прехрани седумчелното семејтво.

    Од Центарот за социјални работи Куманово, признаваат дека корисниците на народната кујна останале без оброк, затоа што завршил договорот со старата фирма, но велат дека тоа ќе трае неколку дена додека да се обнови договорот. Се правдаат дека се нашле во ваква состојба поради политичката состојба во државата, прво затоа што се менувале министрите, а сега нема влада. Ги известиле корисниците и ги замолиле за разбирање.

    Храна за народната кујна во Куманово досега се приготвуваше во кујната на Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“. Директорката Љубица Павловски вели дека договорот завршил на 15 февруари, а во меѓувреме не бил распишан нов тендер ниту е продолжен договорот. Тие се подготвени да обезбедат храна за корисниците, но вели дека мора да имаат писмена потврда за тоа.

    „Ние понудивме да ја продолжиме соработката и да направиме нов договор, но нема која да го потпише. Директорот е во оставка, а новиот раководителка нема областување за потпис. Како ќе го решат проблемот не знаеме, но ако се распише нов тендер ќе помине еден до два месеци додека се завршат сите процедури. Наједноставно е да се продолжи договорот со нас“, додава Павловски.

    Тие првиот договор го склучиле во 2008 година и бил без ограничување, но минатата година по распишан тендер направиле едногодишен договор, кој минатата недела завршил.

    Храната од народната кујна се дели на две локации во градот, во просториите на месна заедница покрај Музичкото училиште и кај зелениот пазар на булеварот „Октомвриска револуција“, а за корисниците на Старо Нагоричене во Ученичкиот дом во селото Драгоманце. Од понеделник до петок корисниците добиваат готвено јадење, а за викенд сува и конзервирана храна. Над 200 корисници од Куманово и 27 од Старо Нагоричане влегоа во програмата на Министерството за труд и социјална политика, од вкупно 4.500 корисници на социјална помош во двете општини.

     

    disklejmer-prikazni-23734

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира