НЕМА КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ДОДЕКА СУДОТ НЕ ОДЛУЧИ КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОЈУЗОТ НА СИНДИКАТИ, ВЕЛИ ЦАРОВСКА

    НЕМА КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ДОДЕКА СУДОТ НЕ ОДЛУЧИ КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОЈУЗОТ НА СИНДИКАТИ, ВЕЛИ ЦАРОВСКАМинистерката за труд и социјала Мила Царовска го обвини Државниот инспекторат за труд дека досега многу слабо си ја вршел работата. (Фото: СДК.МК)

    Преговори за колективен договор со синдикатите нема да има додека не се донесе судската одлука за претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, кажа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

    „Нема да се мешаме во работата на синдикатите, но во моментов ќе бидат одложени преговорите за колективен договор додека не се донесе судка одлука“, рече Царовска.

    Зголемување на ингеренциите на институции во делот на информирање на работодавачите, заштита на здравјето на работникот, односно контроли, вклучување во институциите, формирање регистар којшто ќе се однесува на работници коишто се во посебен ризик се дел од „Нацрт-стратегија за безбедност и здравје при работа 2020“ која денеска беше презентирана на тркалезна маса пред повеќе синдикати и здруженија.

    „Во гранките кои што се критични и има најголемо оптоварување на работниците има и најмало почитување на работничките права, односно најмало почитување на закаонот за безбедност и здравје при работа. Државниот инспекторат за труд досега многу слабо си ја вршеше работата. Ги повикувам сите работници да пријавуваат и да бараат од институциите да реагираат кога има прекршување на работничките права“, рече Царовска.

    Во судовите се водат постапки за да се докаже кој е легитимен претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митрески и Дарко Димовски. Колективниот договор за стопанството истекува на 15 јули, а засегнати се 400.000 работници.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира