НЕМА ОДГОВОР ОД ИВАНОВ ШТО СО ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМА ОДГОВОР ОД ИВАНОВ ШТО СО ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    Претседателот Ѓорге Иванов не одговара дали има план кога ќе се одржат локалните избори бидејќи рокот истекува вечер на полноќ, а Собранието не се состанува поради кризата, предизвикана од недавањето на мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој собра парламентарно мнозинство од 67 пратеници.

    На прашање до кабинетот на претседателот Иванов за став кога ќе се одржат локалните избори и кога ќе се формира влада и како ќе се формира при блокирано Собрание, не добивме одговор.

    Иванов, во обраќањето минатата среда, кога одби да му додели мандатот на Заев, не понуди решение како да се излезе од кризата. Ситуацијата дополнително се искомплицира бидејќи законскиот рок да се распишат локални избори што треба да се одржат во првата половина од мај истекува денеска.

    Во меѓувреме, траат протестите иницирани од повикот на Никола Груевски дека државата е нападната и народот треба да ја одбрани, на кои организаторите најавуваат дека нема да дозволат да се состане Собранието за да избере влада, без мандат од претседателот.

    На завчерашниот протест на „За заедничка Македонија“, учесниците порачаа дека тие се ограда пред Собранието, без да прецизираат што им значи тоа, а на социјалните мрежи се појавија дека ако пратениците од мнозинството влезат во парламентот ќе почувствуваат „како мириса барутот“.

    Досега ниедна од парламентарните партии не поднела барање за свикување седница за избор на органите на Собранието. И покрај тоа што СДСМ и ДУИ, заедно со БЕСА и Алијансата за Албанците обезбедија парламентарно мнозинство, се уште никоја од нив не бара Трајко Вељаноски, претседавачот на првата собраниска седница која беше прекината, да го свика Собранието.

    Се уште вакво барање нема ни од ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Никола Груевски, не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство.
    „Партиите треба да побараат седница, со предлог за формирање на комисија за избори и именување. Нејзиниот состав треба да биде според изборните резултати. Тоа значи, поднесувачот на предлогот треба за во комисијата да предложи шест пратеника од ВМРО-ДПМНЕ, петмина од СДСМ, и по еден од ДУИ и од БЕСА“, објаснуваат собраниските служби каква е процедурата.

    Откако ќе се изгласа комисијата, таа се повлекува и партиите изготвуваат предлози за претседател и потпретседатели на Собранието. Комисијата ги предлага до Собранието и следува изборот на раководството на новото Собрание, а потоа и на неговите работни тела.

    „Партиите не се брзаат, бидејќи сакаат одлагање на локалните избори. До вечер, некоја од нив може и ќе се накани да поднесе предлог за свикување седница, со предлог за избор на претседател и потпретседатели на Собранието. Рокот за распишување на локалните избори истекува вечерва на полноќ. Нив може да ги распише само претседателот на Собранието“, велат соговорниците.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира