НЕМА ПРИТВОР ЗА ГРУЕВСКИ, ОСТАНУВА БЕЗ ПАСОШ

    НЕМА ПРИТВОР ЗА ГРУЕВСКИ, ОСТАНУВА БЕЗ ПАСОШОстанува обврската на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски еднаш неделно да се јавува во Основниот суд Скопје 1. - Од јавната седница на Апелациониот суд во петокот (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер Никола Груевски, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски и Мартин Протоѓер, шефот на кабинетот на експремиерот Груевски, остануваат без пасошите, одлучи Апелациониот суд Скопје.

    Тричлениот судски совет од одделот за организиран криминал и корупција, на чело со судијката Лилјана Шопова, одлучи да одговори негативно на жалбата на Специјалното обвинителство и да не им одреди притвор на главните петмина обвинети во случајот „Титаник“, во кој што ова обвинителство ги товари за злосторничко здружување и за тешки изборни нерегуларности.

    Со тоа што Апелација ги потврди претходните изречени мерки, остануваат и законските обврски еднаш во неделата задолжително да се јавуваат Груевски, Јанкулоска, Јанакиески, Протоѓер и Божиновски во Основниот суд Скопје 1.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира