НЕМА СРЕДСТВА ВО БУЏЕТОТ ЗА ХИВ, ЌЕ ИМА ЕПИДЕМИЈА ОД СИДА, ПРЕДУПРЕДИЈА НА ПРОТЕСТОТ ПРЕД СОБРАНИЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМА СРЕДСТВА ВО БУЏЕТОТ ЗА ХИВ, ЌЕ ИМА ЕПИДЕМИЈА ОД СИДА, ПРЕДУПРЕДИЈА НА ПРОТЕСТОТ ПРЕД СОБРАНИЕ

    Повеќе граѓански организации денеска со протест пред Собранието, јавно побараа од пратениците и од Владата да го корегираат буџетот за идната година и да не им ги кратат средствата за превенција од сида. Во спротивно, на Македонија и се зканува епидемија од хив, како што се случува во Србија и во Црна Гора, предупредија невладините.

    Место потребните 65 милиони денари, за набавка на терапија и средства за превенирање од сида, кои на невладините им се потребни на терен за најмаргинилизираните граѓани во Македонија, сега се предвидени срамни 27 милиони денари, обвинија на протестот.

    „Според анализата што ја направи Министерството за здравство, не ние, со овие средства годишно, ние можеме да спречиме над 290 смртни случаи, односно 860 нови инфекции до 2030 година. Со кратењето на средствата, пратениците и Владата директно ќе бидат одговорни за смртта на овие граѓани, а ова штедење, нека знаат, ќе донесе многу поголеми трошоци во блиска иднина за превенција“, предупредија навладините од протестот.

    Ако не се обезбедат средства за да се одржат програмите за превенција, ќе се затворат сите теренски и стационарни сервиси за хив, за групите под најголем ризик од хив, кои функционираат во 14 градови во Македонија. Најмалку 15 илјади припадници на ранливите категории, како и нивните семејства, ќе останат без пристап до бесплатни средства за превенција и брзи тестови за рано откривање на хив. На тој начин инфекцијата ќе се шири побрзо, а тоа ќе се одрази на целата популација, особено на младата, предупредија невладините Хера, Хопс, Заедно посилни, Пулс, Хелп и останатите присутни на протестот.

    Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за хив, на 29. минатиот месец испратиле писмо, апел до сите 123 пратеника за да не им се кратат средствата со буџетот за идната година, но до денеска немаат одогвор од ниту еден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира