ОБЈАВЕНИ ОДЛУКИТЕ ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК,РЕКОРДЕР ПО ПОМИЛУВАЊА МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ

    ОБЈАВЕНИ ОДЛУКИТЕ ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК,РЕКОРДЕР ПО ПОМИЛУВАЊА МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ

    Трајко Вељаноски, Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Љупчо Тодоровски-Радникот, Мартин Протуѓер, Зоран Заев, Зоран Верушевски, Горан Грујовски, Кирил Божиновски, Бранко Црвенковски, Божидар Јанковски, Исмет Гури, Дејан Митровски-Урко, се дел од имињата во одлуките за помилување-гонење без спроведување на постапката, донесена од претседателот Ѓорѓе Иванов, објавен во Службен Весник.

    Одлука за за помилување пред спроведување на постапка, Иванов потпишал и за обвинителките во Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова и Гаврил Бубевски. Шефот на државата, во одлуката за помилување пред спроведување на постапка, амнестирал повеќемина функционери по неколку пати. Најповеќе е помилуван поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, 16 пати, втора е поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за која Иванов потпишал 11 помилувања. Иванов го помилувал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски 5 пати за пет различни дела поврзани со содржината на бомбите кои ги објави лидерот на СДСМ Зоран Заев. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е помилуван 6 пати. Меѓу помилуваните е поранешниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари