ОБВИНИТЕЛСТВО НА ЗВРЛЕВСКИ ЈА ОТФРЛИ КРИВИЧНАТА ПРОТИВ ПАНЧЕВСКИ ЗА НЕЗАКОНИТО ВЛИЈАНИЕ И ПОТКУП

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОБВИНИТЕЛСТВО НА ЗВРЛЕВСКИ ЈА ОТФРЛИ КРИВИЧНАТА ПРОТИВ ПАНЧЕВСКИ ЗА НЕЗАКОНИТО ВЛИЈАНИЕ И ПОТКУП

    Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја отфрли кривичната пријава против Владимир Панчевски со која претседателот на Основен суд Скопје 1 се товари дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание. Кривичната пријава, која ја поднесе Иван Џолев, судија од Основниот суд Скопје 1, е отфрлена бидејќи дејствието преземено од Панчевски не содржи наредба, туку само насоки согласно законот, велат од Обвинителството на Марко Зврлевски.

    „Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по сеопфатно проучување на сите прибрани докази утврди дека пријавеното дело не е кривично дело за кое се гони по службена должност, по што пријавата ја отфрли. Со цел да се проверат наводите во кривичната пријава, покрај материјалните докази – списи по истражниот предмет и доставеното писмено Укажување, во својство на осомничен беше испитан и Претседателот на Основниот суд“, соопштија од ОЈО.

    Оттаму велат дека подносителот на пријавата во својство на оштетен не дал исказ, иако, како што се вели во соопштението, три пати бил канет.

    „Според прибавените докази, дејствието преземено од пријавениот не претставува реално или претпоставено влијание за постапување на истражниот судија распореден по истражниот предмет, бидејќи истото во себе не содржи наредба. Даденото Укажување дава насока како поефикасно и побрзо да се заврши истражен предмет согласно законот, кој многу години не бил завршен. Воедно со истото се бара од истражниот судија, да го извести Претседателот на судот за преземените активности поврзани со решавање на конкретниот предмет. Согласно законот, претседателот на судот се грижи за ажурно работење на судот, па неговите насоки биле со таа цел“, велат од ОЈО.

    Во меѓувреме, Панчевски поднесе кривична пријава против подносителот на кривична пријава за сторено кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело. Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопштија дека ја препратиле оваа кривична пријава за понатамошно постапување до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира