ОБВИНИТЕЛСТВО: УАПСЕНИ ПЕТ ЛИЦА ОД „ФАБРИКАТА ЗА АФЕРИ“

    Скопје, 24 март, 2016, (META) – Во денешната акција во врска со случајот „Фабрика за афери“ биле уапсени пет лица, а при претресите извршени на повеќе локации, запленети се повеќе предмети и докази, кои се дадени за понатамошна анализа, соопшти попладнево Основното јавно обвинителство Скопје.

    „По барање на Основното јавно обвинителство Скопје и по издадена наредба од надлежен суд, утринава беше извршена координирана акција за наоѓање нови дополнителни материјални докази во предметот што во јавноста е познат како „Фабрика за афери“. Претресот е извршен на повеќе локации во Скопје и во околината, при што се пронајдени и се одземени компјутер, хард-диск, огнено оружје, материјали и документација. Одземени се и други докази што ќе бидат предмет на понатамошна анализа. Во акцијата спроведена утринава, од слобода се лишени пет лица“, стои во соопштението на Обвинителството.

    Како што пренесоа дел од медиумите, во акцијата биле уапсени братот и сестрата на Захир Бекири-Чауш, провоосомничен во случајот што ОЈО Скопје го отвори кон крајот на минатата година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари