ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕМА ОБВРСКА ДА ПОБАРА ОБДУКЦИЈА НА ЖРТВИ ВО ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕМА ОБВРСКА ДА ПОБАРА ОБДУКЦИЈА НА ЖРТВИ ВО ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ

    Јавното обвинителство нема надлежност да издаде налог за обдукција на жртви, настрадани лица во елементарна непогода, бидејки нема индиции за кривично дело, како што е случајот со удавените 21 лице во поплавите ноќта во саботата, главно жители на Стајковци, Ченто и Смилковци.

    Обдукција според нашите закони, може во вакви околности да побараат семејствата на удавените, која чини од илјада евра нагоре, зависно од вештачењата, а која би ја платиле приватно или да побара лекарот што ги прегледал починатите, ако се сомнева во насилна смрт, за што би го известил и јавниот обвинител.
    Од информациите на теренот, обвинителот ги пратил починатите лица во силната поплава, според процедурата, на преглед кај т.н. мртвопрегледител во Бутел, кој таму констатирал дека сите лица се удавени во елементарната непогода и оти нема траги на насилна смрт, убиства.

    Она од кое се револтирани дел од роднините на загинатите е што два дена не може да си ги земат мртвите роднини, иако МВР го утврди нивниот идентитет. Собирањето и  средувањето на документите што им ги бараат од институциите, велат оди многу бавно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари