ОД ГРОБИШТА УКРАДЕНИ 7 МЕРМЕРНИ НАДГРОБНИ ПЛОЧИ ТЕШКИ ПОЛА ТОН, „БУТЕЛ“ ОДБИВА ОБЕШТЕТУВАЊЕ

a:3:{s:16:"td_post_template";s:23:"single_template_british";s:11:"td_subtitle";s:693:"OдгробиштатанаАД„Бутел“вонаселбатаЃорчеПетроввоавгустгодинава,подчудниоколности,воистаноќбилеукрадениседумнадгробниплочи,исклучивоодцрнмермеркојенајскап,aНародниотправобранителќегоиспитуваслучајотпопретставканаоштетенскопјанец,којсесомневадекатешкатакражбанеможеладасеслучибеззнаењеилогистикаодвработенивопретпријатието";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

ОД ГРОБИШТА УКРАДЕНИ 7 МЕРМЕРНИ НАДГРОБНИ ПЛОЧИ ТЕШКИ ПОЛА ТОН, „БУТЕЛ“ ОДБИВА ОБЕШТЕТУВАЊЕ

Народниот правобранител ќе испитува случај на кражба на скапи мермерни надгробни плочи од гробиштата на АД „Бутел“ во населбата Ѓорче Петров, откако оштетениот Зоран Минарков поднел претставка против АД „Бутел“, како одговорно за чувањето на спомениците. Во август годинава, под чудни околности, од овие гробишта во иста ноќ биле украдени седум надгробни плочи, исклучиво од црн мермер кој е најскап, меѓу кои била и таа од гробот на неговата покојна мајка, купена од АД „Бутел“.

Минарков за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека со оглед на тоа што АД „Бутел“ стопанисува со гробиштата и за неговите услуги клиентите плаќаат гробарина, должност на фирмата е да се грижи за нив.

“За каква неодговорност се работи, доволен е фактот што не бев известен од АД ‘Бутел’ дека се случила кражбата. Повеќе од јасно е дека невозможно е да исчезнат 7 надгробни плочи тешки од 300 килограми до половина тон, без претходно крадците да биле добро организирани, а можеби и помогнати од вработени во претпријатието. Со оглед на тежината на мермерните плочи, значи дека во кражбата учествувале најмалку шест лица. Натаму, плочите морале да бидат товарени и изнесени со камион и што е најтрагично, изнесени од влезовите на гробиштата, кои наводно, се обезбедени од чувари од АД ‘Бутел’“, вели Минарков кој се сомнева дека тешката кражба не можела да се случи без знаење и логистика од вработени во претпријатието.

Подносителот на претставката до Народниот правобранител потенцира дека пристап за камиони и возила со приколки има само од двете порти на гробиштата. Тие, вели, се обезбедувани од чувари на претпријатието.

Минарков вели дека на пет години плаќал гробарина во износ од 1.500 до 2.000 денари. Тврди дека на тие гробишта во Ѓорче Петров во континуитет се краде.

“Барам да бидам обештетен од АД ‘Бутел’. Надгробната плоча која ја купив токму од ова претпријатие чини 57.700 денари. Навреден сум, пред сѐ, и јас и семејството од ова што се случи. На маката на луѓето да се прави ваква штета, пред сѐ е нехумано. Планирам и кривична пријава да поднесам против надлежните во АД ‘Бутел’ на крајот“, револтиран е Минарков.

“Има многу вакви случаи на кражба на скапи мермерни и бронзени споменици, но сѐ до овој подносител на претставката, никој не дошол за ова кај Народниот правобранител“, вели државниот советник кај Народниот правобранител Зоран Билбиловски (Фото: СДК.МК)

“Има многу вакви случаи на кражба на скапи мермерни и бронзени споменици, но сѐ до овој подносител на претставката, никој не дошол за ова кај Народниот правобранител“, вели државниот советник кај Народниот правобранител Зоран Билбиловски (Фото: СДК.МК)

Државниот советник Зоран Билбиловски од Народниот правобранител вели дека испратил допис до АД „Бутел“ за да го информира за претставката и побарал да се произнесе за случајот. Го известил и оти подносителот на претставката бара отштета.

“Има многу вакви случаи на кражба на скапи мермерни и бронзени споменици, но сѐ до овој подносител на претставката, никој не дошол за ова кај Народниот правобранител“, вели Билбиловски.

САКАМДАКАЖАМ.МК го контактираше АД „Бутел“ во врска со сомневањата на оштетениот Минарков за организирана кражба само на скапите надгробни плочи, исклучиво на тие од црн мермер, која, според него, не би можела да се изведе без некој од чуварите да чуе и без да ги отвори капиите за изнесување на тешкиот мермер. Но, оттаму негираат секаква нивна одговорност и должност за обештетување.

“Имаше сквернавење, случајот го пријавивме во МВР. Извршен е увид, направени се записници, постапката за откривање на сторителите уште трае. Сопствениците на гробните места годишно плаќаат по 320 денари за гробарина, но тоа е само за собирање смет и шут околу гробовите. Тоа не значи дека ако дојде до штета, сквернавење на гробовите и кражба, тој имот е осигуран преку овие 320 денари годишно за гробарина. Ако МВР ги најде сторителите, тогаш оштетените и крадците меѓусебно си се тужат“, вели Анета Стефановска, раководител на административната служба во АД „Бутел“.

Таа вели дека ако гробот се оштети пред погреб на покојниот, односно за време на погребот, или ако при градежни или други зафати вработени оштетат споменик, тогаш АД „Бутел“ врши истрага.

“Ние не обештетуваме“, категорична е Стефановска.

 

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира