ОД ЗАГАДЕН ВОЗДУХ СЕ 30 ОТСТО ОД СМРТНИТЕ СЛУЧАИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД ЗАГАДЕН ВОЗДУХ СЕ 30 ОТСТО ОД СМРТНИТЕ СЛУЧАИ

    Аерозагадувањето е главен ризик фактор за смрт кај 25 отсто од смртните случаи од срцеви и мозочни удари и кај 4,6 отсто од починатите пациенти со рак на бели дробови,  покажале анализите на Институтот за јавно здравје, правени врз база на меѓународни студии и согласно препораките на Светската здравствена организација (СЗО).
    Според овие анализи, ако загадувањето на воздухот се намали согласно препораките на СЗО, животот на овие болни ќе се продолжи за 40 месеци, односно за 2,5 години, а бројот на хоспитализации ќе се намали за 300 годишно. Според проценките од студијата на Светската банка во Македонија, 1.100 луѓе годишно умираат како последица на аерозагадувањето.

    Аерозагадувањето со честички прашина според СЗО е ризик фактор за појава на белодробни, кардиоваскуларни и малигни заболувања.
    “Ако сериозно ги елиминираме изворите на загадување и со тоа се подобри квалитетот на воздухот, ќе се направат и сериозни заштеди во здравствениот систем. Сега се трошат околу два милиони евра за справување со здравствените последиците предизвикани од аерозагадувањето“, велат од Институтот за јавно здравје.
    Според здравствените експерти, потребно е итно да се преземат конкретни и трајни мерки за да се намали загадувањето, чиј ефект ќе се почувствува по пет или десет години.
    Проблемот со греењето, кој според студијата на Град Скопје учествува со 30 отсто во аерозагадувањето, според експертите мора да се реши, пред сѐ со гасификација, како на Скопје така и на останатите загадени градови. И во сообраќајот, кој во аерозагадувањето учествува со 20 отсто, мора да се преземат конкретни и трајни мерки, а да се намали и количеството прашина од градилиштата.
    Мерните станици на Министерството за животна средина и вчера покажаа енормно загадување во Скопје. Дека загадувањето во главниот град е големо и многу опасно, на веб апликацијата на Министерство за животна средина цел ден светеше розево, а во текот на попладневните и вечерните часови тоа уште повеќе е зголемено. Според мерењата направени во 18 часот, најголемо загадување е измерено од мерната станица кај Ректорат, каде количината на ПМ10 честички била 1.000 микрограми на метар кубен, што е за 20 пати повеќе од максимално дозволените концентрации од 50 микрограми на метар кубен. Високо загадување во 18 часот измериле и другите мерни станици во Скопје, така во Лисиче измерени се 750 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, во Центар 600, во Карпош 550, во Гази Баба 500.
    Вчера попладне розов аларм е вклучен и за Битола, каде се измерени 550 микрограми на метар кубен, како и Тетово Велес и Кавадрци, каде се измерени 500 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира