ОМБУДСМАНОТ ПОВЕЛ РЕКОРДНИ 5.360 ПОСТАПКИ ЗА ПОПЛАКИ ОД ГРАЃАНИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:328:"Масовнотопротивзаконскоследењенакомуникациитегоставиподсомнежцелокупнотофункционирањенасистемотасезголемиполицискатабруталност,тврдиНародниотправобранител

    ОМБУДСМАНОТ ПОВЕЛ РЕКОРДНИ 5.360 ПОСТАПКИ ЗА ПОПЛАКИ ОД ГРАЃАНИ

    Скопје, 28 март (САКАМДАКАЖАМ.МК) – Масовно и досега невидено прекршување на човековите права и слободи во Македонија констатира Народниот правобранител Иџет Мемети во Годишниот извештај, кој утринава го доставил до Собранието. Омбудсманот повел постапки за рекордни 5.360 случаи на поплаки од граѓани, од кои 4.403 биле примени само во 2015 година. Лани биле извршени над 8.500 разговори со наши граѓани и со странски државјани за различни проблеми што ги пријавиле кај него.

    “Минатата година се констатирани 1.514 повреди на човековите права и слободи, што е најголем број во историјата на постоењето на Народниот правобранител, а од нив само 1.238 случаи беа прифатени од институциите, што пак во проценти е помал од тие што биле прифатени во 2014 година. Ова загрижува”, вели Мемети.

    Масовното противзаконско следење на комуникациите го стави под сомнеж целокупното функционирање на системот. Се зголеми полициската бруталност. Правосудниот систем, вели Мемети, особено функционирањето на управните судови, кои поради некомуницирањето со извршната власт ги заглавуваат граѓаните со години во тие лавиринти, продолжува да функционира со своите слабости. Нестручни судии носат одлуки, вели Мемети.

    Од слабостите што ги констатирал Народниот правобранител лани, тој ги истакна и влошените услови во затворите и прифатните центри за странци, протестите на средношколците, при што и покрај неговата препорака, МОН одби да го слушне мислењето на децата кои протестираа против екстерното тестирање и против новините во полагањето на матурата. Бројни поплаки од граѓани имало и поради присилната наплата на радиодифузната такса.

    Мемети рече дека политичкиот договор за министерства со дупли министри и заменици удрило директно на штета на граѓаните. Неприфатливи се бруталните препукувања меѓу министрите и замениците од различни партии, особено во МВР, кое не е ни на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, туку е на граѓаните, рече Мемети.

    Тој се пожали дека покрај Министерството за здравство кое е најупорно, со Омбудсманот не соработуваат ни Обвинителството, Скопските основни судови, Врховниот суд, Министерството за информатичко општество.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари