ОПОЗИЦИЈАТА ЈА НАПУШТИ СОБРАНИСКАТА САЛА ОТИ НЕ САКА ДА ГЛАСА ЗА ИМЕНУВАЊЕ НОВИ ФУНКЦИОНЕРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОПОЗИЦИЈАТА ЈА НАПУШТИ СОБРАНИСКАТА САЛА ОТИ НЕ САКА ДА ГЛАСА ЗА ИМЕНУВАЊЕ НОВИ ФУНКЦИОНЕРИ

    Опозицијата ја напушти салата и нема да гласа за предложените точки за именувања и разрешувања функционери на собраниската седница, предложени од Комисијата за избори и именувања.
    „Предлогот на опозицијата за симнување на точките од дневниот ред кои се однесуваат за именување на функционери не помина. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сакаат да продолжи да вдомува партиски војници пред изборите. Сите тие сами да си ги гласате. Соберете 62 гласа и гласајте. Од нас поддршка нема да добиете“, рече Горан Сугарески, координатор на СДСМ.
    Сугаревски рече дека ВМРО-ДПМНЕ со условувањето на прифаќање на предлогот за распуштање на Собранието со донесување на буџетот, е доказ дека бега од избори.
    „Сакате да избегате од избори. Предлогот на опозицијата е јасен, без никакви условувања. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го лажат народот дека со недонесување на буџетот нема да има пензии, плати и друго“, рече Сугарески.
    Кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во одговорот на обвинувањата на Сугарески рече дека ниту еден човек не верува во приказните на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ бега од избори.
    „Две години ве молиме да излезете на избори. Измислувате се и сешто, цензорски тела, само за да избегате од избори. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како и коалицијата веднаш после донесување на Буџетот ќе гласа за предлогот на опозицијата за распуштање на Парламентот и тргнуваме во избори“, рече Димовски.
    Кординаторот на ДУИ Талат Џафери рече дека ДУИ не учествува во ујдурмата што ја направија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за додворување на гласачите.
    „И едни и други си правите сметка без крчмар. Потписници на договорот од Пржино се четирите партии. Нема право ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ да ги лаже граѓаните“, рече Џафери. Тој додаде дека барањето на СДСМ за симнување од дневен ред на ратификациите на Договорот за основање на фонд за Западен Балкан, и за основање на регионална канцеларија за младинска соработка е само поради тоа што седиштето им е во Тирана.
    „Нека им го кажат ова на Едмонд Адеми и Мухамед Зекири, кои се членови на извршниот одбор на СДСМ. Им пративте јасна порак“, рече Џафери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира