ОПОЗИЦИЈАТА ПОБАРА ИТНА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО ЗА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНИТЕ ШТО ГИ БАРАШЕ КАТИЦА ЈАНЕВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОПОЗИЦИЈАТА ПОБАРА ИТНА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО ЗА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНИТЕ ШТО ГИ БАРАШЕ КАТИЦА ЈАНЕВА

    Пратеничката група на СДСМ и на здружената опозиција доставија барање за свикување итна седница до Собранието на која на дневен ред ќе бидат измените на законите што ги побара специјалната обвинителка Катица Јанева. Се работи за предлог-закон за измена и за дополнување на Законот за заштита на сведоци и предлог-закон за измена на Законот за Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите или Специјалното јавно обвинителство.

    „Со донесување на овие закони, ќе се поддржат барањата на независната институција Специјално јавно обвинителство со единствена цел – да се овозможи непречена работа и остварување на целта за неговото формирање. Очекуваме оваа седница да биде закажана во најкус можен рок“, рече пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов.

    Јанева, при презентацијата на нејзиниот извештај на 15 септември, апелираше Собранието да ги донесе измените на Законот за заштита на сведоци за, како што рече „да влезе ова јавно обвинителство во сржта на предметите за Мартин Нешковски, Монструм и Сопот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира