ОСЛОБОДЕНА Е ШАРЕНАТА АКТИВИСТКА ШТО БЕШЕ ПРИВЕДЕНА ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОСЛОБОДЕНА Е ШАРЕНАТА АКТИВИСТКА ШТО БЕШЕ ПРИВЕДЕНА ВО СКОПЈЕ

    Девојката што беше уапсена во спектакуларна акција пред Шпанската амбасада е глумицата Симона Спировска, истакната граѓанска активистка. Таа пред малку излезе од Полициската станица „Центар“, откако и била изречена прекршочна пријава според законот за комунална хигиена.

    Симона по излегувањето од станицата изјави дека полицијата коректно се однесувала со неа. „И покрај казната, ќе продолжам да протестирам“, изјави таа.  Вели дека ја запреле кај Шпанската амбасада оти не носела лиучна карта.

    Активистите на Шарената револуција веднаш се собраа пред полициската станица што скопјани си ја викаат Беко, откако дознаа дека двајца граѓански активисти се уапсени вечерва по протестот во центарот на Скопје.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари