ПАНЧЕВСКИ И СУДИЈКИТЕ ЗА КОИ СЈО БАРА РАЗРЕШУВАЊЕ ЌЕ ГИ СУДАТ ПРЕДМЕТИТЕ НА ЈАНЕВА

    ПАНЧЕВСКИ И СУДИЈКИТЕ ЗА КОИ СЈО БАРА РАЗРЕШУВАЊЕ ЌЕ ГИ СУДАТ ПРЕДМЕТИТЕ НА ЈАНЕВАПанчевски освен што ќе води истраги, ќе раководи и со кривичен совет во кој ќе учествуваат и судиите Љубинка Башеска, која пред да биде повлечено обвинението го одложи „Пуч“ на неопределено време, само за да не го повика единствениот тогашен сведок на СЈО Никола Груевски - Владимир Панчевски и Катица Јанева

    Новиот претседател на Основниот суд Скопје 1 Стојанче Рибарев денеска го потпишал новиот распоред на судии и во него експретседателот Владимир Панчевски и судијките за кои Специјалното обвинителство покрена постапки за разрешување, Елена Јосифовиќ, Александра Поп Стефанија и  Лидија Петровска ги распоредил во одделот за организиран криминал, како судии во претходна постапка.
    Рибарев, кого два дена го бараме во врска со новиот распоред, одлучи и денеска да молчи.
    Судијките Александра Поп Стефанија и Елена Јосифовиќ веќе се спомнати во извештајот н Стејт департментот за 2016 година, бидејќи имаше бурни реакции за нивната партиска и бизнис релација со ВМРО-ДПМНЕ, а и поради скромното петгодишно искуство како судии, за толку одговорно место како судии во претходна постапка во одделот за организиран криминал во Основниот суд Скопје 1.
    Порталот актуелно.мк дојде до копија од новиот распоред составен и потпишан од Рибарев. Тој за заменик ја именувал Славјанка Јанковска, судијката која ги отфрли бомбите на опозицијата како докази во постапките што ќе ги води Специјалното обвинителство пред Кривичниот суд.
    Панчевски освен што ќе води истраги, ќе раководи и со кривичен совет во кој ќе учествуваат и судиите Љубинка Башеска, која пред да биде повлечено обвинението го одложи „Пуч“ на неопределено време, само за да не го повика единствениот тогашен сведок на СЈО Никола Груевски. Во кривичниот совет, кај што ќе треба СЈО да се жали за одбиените мерки притвор и мерки за обезбедување присуство, ќе членува и судијката Лидија Петровска, која по објавувањето на бомбите стана позната како „сваровски судијка“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира