ПАРТИИТЕ НА АЛБАНЦИТЕ УТРЕ ТРЕБА ДА ЈА ОБЈАВАТ ПЛАТФОРМАТА ЗА ПРЕГОВОРИ ЗА НОВА ВЛАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПАРТИИТЕ НА АЛБАНЦИТЕ УТРЕ ТРЕБА ДА ЈА ОБЈАВАТ ПЛАТФОРМАТА ЗА ПРЕГОВОРИ ЗА НОВА ВЛАДА

    Партиите на Албанците во Македонија утре треба да ја објават заедничката платформа за преговори за состав на новата Влада, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од ДУИ, но не даваат детали од текстот на досега договореното.

    „Албанските политички партии прават напори да подготват заедничка платформа за идната влада и средбите во Приштина и во Тирана на лидерите на партиите на Албанците од Македонија со косовскиот претседател Хашим Тачи и со албанскиот премиер Еди Рама беа во функција на поддршка на тие напори“, велат од ДУИ.

    Артан Груби, шеф на кабинетот на претседателот на ДУИ Али Ахмети и носител на листата на ДУИ во првата изборна единица на изборите на 11 декември, изјави дека „вчерашниот консултативен состанок во Приштина, свикан од страна на Претседателот на Косово Хашим Тачи, се одви во братски дух и беше во функција на поддршката на официјална Приштина за напорите на албанските политички партии во Македонија кои прават напори за да подготват една заедничка платформа за идната влада“.

    Вчера во Приштина беа Али Ахмети од ДУИ, Биљал Касами од БЕСА и Зијадин Села од Алијансата на Албанците.

    Груби вели и дека истата поддршка ја нашле и кај албанскиот премиер Еди Рама, но и кај албанскиот претседател Бујар Нишани и претседателот на албанското собрание Илир Мета.

    „Солидарноста на Тирана и Приштина со нашата локална иницијатива за обединување на нашите ставови околу клучните прашања на Албанците во Македонија е добредојдена и е во функција на понапредна општествена кохезија“, додава Груби.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари