ПЕНС МУ СЕ ЈАВИ НА ЗАЕВ И МУ ЧЕСТИТАШЕ ВО ИМЕ НА ТРАМП, СООПШТИ БЕЛАТА КУЌА

    ПЕНС МУ СЕ ЈАВИ НА ЗАЕВ И МУ ЧЕСТИТАШЕ ВО ИМЕ НА ТРАМП, СООПШТИ БЕЛАТА КУЌАПотпретседателот на САД Мајк Пенс ќе се сретне со Заев и лидерите од Западен Балкан на самитот на Јадранската повелба што ќе се одржи на 2 август во Подгорица, Црна Гора.

    Потпретседателот на САД Мајк Пенс му се јави денеска да му честита на македонскиот премиер Зоран Заев за изборот на премиерската функција во име на претседателот Доналд Трамп, соопшти Белата куќа.

    „Во име на претседателот Трамп, потпретседателот му честиташе на преземањето на премиерската функција на 31 мај. Потпретседателот ја нагласи непрекината американска поддршка за евроатлантските интеграции на Македонија и го охрабри Заев да ги направи приоритет реформите со кои што Македонија ќе напредува на нејзиниот избран пат”, се вели во транскриптот на телефонскиот разговор.

    Пенс, исто така, кажал дека едвај чека да се сретне со Заев и лидерите од Западен Балкан на самитот на Јадранската повелба што ќе се одржи на 2 август во Подгорица, Црна Гора.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира