ПЕШЕВСКИ И ЛАТАС НЕ ОДАТ ВО ПРИТВОР, АМА ОСТАНУВААТ БЕЗ ПАСОШИТЕ

    ПЕШЕВСКИ И ЛАТАС НЕ ОДАТ ВО ПРИТВОР, АМА ОСТАНУВААТ БЕЗ ПАСОШИТЕСЈО бараше Пешевски да добие мерка притвор, поради опасност од бегство, влијание врз сведоците и одлична имотна состојба на обвинетиот - од сослушувањетона поранешниот вицепремиер во Апелациониот суд во Скопје минатата недела (Фото: СДК.МК)

    Вицепремиерот Владимир Пешевски, обвинет во случајот „Траекторија“ на Специјалното обвинителство, останува без пасош, одлучи тричлениот кривичен совет на Апелациониот суд Скопје. Жалбата му е одбиена, како што е одбиена и жалбата на СЈО во овој предмет, кое докрај остана на барањето Пешевски да добие мерка притвор, поради опасност од бекство, влијание врз сведоците и одлична имотна состојба на обвинетиот.

    Исто и на бизнисменот и новинар Драган Павловиќ – Латас му е одбиена жалбата за пасошот. Но и тука СЈО бараше притвор, поради што ја обжали одлуката на Кривичниот суд само да му биде одземен пасошот. Апелација одлучи да се одбие жалбата на СЈО.

    И жалбите на обвинетите браќа  Звездан и Срѓан Павловиќ се одбиваат како неосновани, исто како и на Небојша Страјковиќ од „Трезор“, Љупчо Георгиевски обвинет во „Траекторија“ и на Ѓоко Поповски , обвинет во случајот „Триста“. Сите остануваат без пасош, одлучи Апелација.

    Латас е обвинет за даночно затајување преку своите 4 фирми, во износ од 146 илјади евра, но и за бесправно градење, каде што е обвинет заедно со неговите браќа Звездан и Срѓан.

    Георгиевски е обвинет во Траекторија.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари