ПЕТИЦИЈА ДА СЕ ОДРЖАТ СЕРВИСИТЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ ШТЕТИ ОД УПОТРЕБА НА ДРОГИ

    ПЕТИЦИЈА ДА СЕ ОДРЖАТ СЕРВИСИТЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ ШТЕТИ ОД УПОТРЕБА НА ДРОГИХОПС ги повика сите граѓани да ја потпишат петицијата , која е повик до Министерството за здравство и до Владата да обезбедат пари за продолжување на програмите. (Фото: СДК.МК)

    Потписи за поддршка на програмите за намалување штети од употреба на дроги и превенција од ХИВ, денес се собираат на плоштад Македонија, на пулт поставен од Здружението на граѓани ХОПС. Понатамошниот опстанок на програмите за намалување на штети од употреба на дроги и превенција на ХИВ е неизвесен, бидејќи досега овие сервиси финансиска поддршка добиваа од Глобалниот фонд, која завршува до крајот на овој месец.

    „Благодарение на програмите за намалување штети во последните десет години во Македонија евидентирани се само два нови случаи на ХИВ како резултат на инјектирање дроги, а помалку од пет отсто од вкупно 315 регистрирани слуачи со ХИВ, биле лица што инјектираат дроги. Во земјава има 17 програми за намалување штети од дроги, од кои четири во Скопје и 13 во другите градови. Овие програми се ефикасни и финансиски исплатливи“, велат од ХОПС.

    ХОПС заедно со Платформата за одржливост на програмите за превенција и поддршка на ХИВ во која членуваат 16 здруженија на граѓани, иницираше кампањата „Со клучни одлуки до здрава заедница“ и ги повика сите граѓани да ја потпишат петицијата , која е повик до Министерството за здравство и до Владата да обезбедат пари за продолжување на програмите. Потписи денес може да се дадат на пултот на ХОПС на плоштад, а следните денови и преку онлајн петиција.

    Министерот за здравство Арбен Таравари минатата недела најави дека заедно со невладините организации ќе бараат системски решенија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира