ПЛАТФОРМАТА  НА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ Е ПИШУВАНА ВО СКОПЈЕ И НЕ ЗНАЧИ ПОДЕЛБА НА ДРЖАВАТА, НАПИША АХМЕТИ НА ФЕЈСБУК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПЛАТФОРМАТА  НА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ Е ПИШУВАНА ВО СКОПЈЕ И НЕ ЗНАЧИ ПОДЕЛБА НА ДРЖАВАТА, НАПИША АХМЕТИ НА ФЕЈСБУК

    Платформата на албанските партии во Македонија е напишана во Скопје и таа на ниту еден начин или форма не ја нарушува државата, унитарниот карактер, ниту пак станува збор за федерализација или поделба, напиша лидерот на ДУИ Али Ахмети на социјалната мрежа Фејсбук.

    Во статусот, Ахмети вели дека „ги усогласивме ставовите во врска со очекувањата на Албанците и во секоја јавна изјава сум истакнал дека заедничката изјава на албанските парламентарни партии во Македонија е усогласена и напишана во Скопје и е врз основа на изборните програми  на сите албански кандидати на изборите на 11 декември“.

    Според Ахмети, албанските партии не биле причина за системската криза во земјата и затоа ги повикува албанските политички партии да се воздржат од претворање на системска и внатреетничка криза во етнички судири меѓу двете најголеми етнички заедници на оваа земја.

    Ахмети апелира и до македонските партии да се воздржат во нивното изразување на незадоволство од импликација на етничкиот елемент поради чувствителноста на нашето општество.

    „Ова е еден политички проблем и политичките партии како и институциите во земјата ќе го најдат најдоброто решение за граѓаните, но во меѓувреме, да веруваме на вистината, а не на лагите“, пишува лидерот на ДУИ Ахмети на социјалната мрежа Фејсбук.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира