ПЛАТФОРМАТА НА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ Е ЗА ПРАВАТА ЗА АЛБАНЦИТЕ, НЕ ЗА ФОТЕЛЈИ, ПОРАЧА РАМА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Тирана,(Мета)

    ПЛАТФОРМАТА НА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ Е ЗА ПРАВАТА ЗА АЛБАНЦИТЕ, НЕ ЗА ФОТЕЛЈИ, ПОРАЧА РАМА

    Албанскиот премиер Еди Рама ја нарече историска заедничка платформа на албанските партии во Македонија, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците, за преговорите за формирање на македонска влада.

    „Историски чекор за изразување на волјата на Албанците во Македонија. За правата на Албанците, а не преговори за владини фотелји“, напиша Рама на својата страница на „Фејсбук“, откако вчера албанските партии ја објавија платформата.

    Лидерите на албанските политички партии од Македонија, по предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември минатата година, двапати беа на разговори со Рама во Тирана, а потоа и со косовскиот претседател Хашим Тачи. По средните со Рама и со Тачи произлезе заедничката платформа на албанските партии во Македонија, која ќе биде основа за преговори за формирање нова Влада.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира