ПОБУНЕТИТЕ СУДИИ И ПАНЧЕВСКИ ДЕНЕСКА НА СООЧУВАЊЕ ПРЕД СУДСКИОТ СОВЕТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОБУНЕТИТЕ СУДИИ И ПАНЧЕВСКИ ДЕНЕСКА НА СООЧУВАЊЕ ПРЕД СУДСКИОТ СОВЕТ

    Судиите кои пред две недели ставија потписи на писмото до Судскиот совет против претседателот на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски денеска во 14 часот се очекува да се соочат со него, пред тричлена комисија од Советот, во присуство на претседателот Зоран Караџовски.

    Судиите кои кренаа бунт против работењето на Панчевски, а се потпишаа само со скратени потписи потврдиле дека денеска ќе се појават на соочувањето.  

    Судскиот совет во средата расправаше за состојбата во Основниот суд Скопје 1, но зад затворени врати. Било расправано за кривичните пријави што си ги поднесоа еден на друг судијата Иван Џолев и Владимир Панчевски, претставките за разрешување што си ги покренале еден против друг пред Советот за утврдување на факти и за кривичната пријава против Панчевски што ја поднесоа вработени во Кривичниот суд минатата недела. Судскиот совет заклучил спротивставените судии во иднина да не ги пласираат нивните несогласувања и забелешки јавно, туку првин во Судскиот совет и мирно да остават институциите пред кои покренале постапки, нив да ги завршат.

    Една од тие институции, Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на Марко Зврлевски и на Јован Илиевски, во петокот ја отфрли кривичната пријава што му ја поднесе судијата Иван Џолев на Панчевски за незаконско влијание врз судија и за поткуп.

    На денешното соочување, Панчевски со помош на ова обвинителство е во мала предност, бидејќи тоа засега не ја отфрла контракривичната пријава што Панчевски му ја поднесе на Џолев, за кривично дело лажно пријавување. Таа е уште „жива“, препратена е за натамошна постапка во ОЈО Скопје.

    Но, во Основниот суд Скопје 1 велат дека помошта од Зврлевски и од Илиевски и не е толкава голема предност, ако навистина денеска пред Судскиот совет се појават потпишаните 13-мина судии на претставката против Панчевски и ако отидат со сите докази за негово наводно незаконито работење што ги собирале овие четири години додека бил претседател.

    Обвинителството на Зврлевски ја отфрли кривичната пријава против Владимир Панчевски со која претседателот на Основен суд Скопје 1 се товари дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, бидејќи дејствието преземено од Панчевски не содржи наредба, туку само насоки согласно законот, соопшти Обвинителството на Марко Зврлевски. Оттаму соопштија дека подносителот на пријавата во својство на оштетен не дал исказ, иако, како што се вели во соопштението, три пати бил канет.

    Судијата Иван Џолев, пак, кривичар кого Панчевски го разместил во Судот за прекршоци да суди прекршочни дела за јавен ред и мир, негодуваше како е можно обвинителството да не го најде да го покани на сослушување и како без да го сослуша подносителот на пријавата како сведок воедно, воопшто ја отфрлило пријавата и го затворил случајот.

    Тој најави дека доказите на незаконското влијание ако не пред Обвинителството, ќе ги каже денеска пред Судскиот совет.

    Со писмото, судиите кои денеска треба да се појават на сослушување во Судскиот совет,  побараа реакција од него и од Советот за утврдување на факти за разрешување на судија, да преземат мерки против претседателот на Основниот суд Скопје 1 Панчевски, со оглед на тоа што за приватни тужби и одговор на тужба против него, велат, го злоупотребува Кривичниот суд и го урива угледот на Судот. Велат тоа го направил од позиција на сила и моќ.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира