ПОЛИЦАЕЦОТ ШТО РАНИ МОМЧЕ ВО СТРУМИЦА ДОБИ КРИВИЧНА ЗА „УБИСТВО ВО ОБИД“

    ПОЛИЦАЕЦОТ ШТО РАНИ МОМЧЕ ВО СТРУМИЦА ДОБИ КРИВИЧНА ЗА „УБИСТВО ВО ОБИД“Екипи на МВР на местото на пукањето, а полицаецот кој пукал во малолетните момчиња од Радовиш, по наредба на јавен обвинител беше задржан во струмичката полиција (Фото: СДК.МК)

    Полицаецот кој во петокот пукаше од службениот пиштол и рани две малолетни момчиња од Радовиш е суспендиран од работа и против него е поднесена кривична пријава за „убиство во обид“, соопшти МВР.

    Според одделот за внатрешна контрола и професионални страндарди при МВР тој постапил спротивно на одредбите од законот  односно неосновано, неоправдано и неправилно употребил средства за присилба – огнено оружје врз малолетните лица.

    „Против полицискиот службеник е поведена дисциплинска постапка пред надлежната комисија во МВР и со решение на министерот Оливер Спасовски полицискиот службеник ќе биде отстранет од работното место до завршувањето на дисциплинската постапка. До надлежниот јавен обвинител во Струмица е поднесена и кривична пријава поради основано сомнение дека полицискиот службеник сторил кривично дело „убиство во обид“, предвидено и казниво по член 123 и член 19 од Кривичниот закон на Република Македонија“, соопшти МВР кој ги осуди обидите за мнипулација за овој настан од одредени политички партии

    Во петокот попладне по пријава за кражба на браната Мантово, полицајци со две службени возила ги пресретнаа осомничените лица од Радовиш кај градската капела во Струмица. При обидот да бидат приведени петте момчиња од возилото со словенечки регистарски ознаки, полициски службеник испукал куршум, при што ранил две момчиња од кое едното со прострелна рана во градите и понатаму е во животна опасност на клиниките во Скопје.

    В.ТРАЈКОВ

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира