ПОЛИЦИЈАТА УШТЕ БАРА КОЈ ПУКАШЕ ВО БИТОЛСКИОТ ФУНКЦИОНЕР НА СДСМ ВО АПРИЛ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛИЦИЈАТА УШТЕ БАРА КОЈ ПУКАШЕ ВО БИТОЛСКИОТ ФУНКЦИОНЕР НА СДСМ ВО АПРИЛ

    Поминаа двa и пол месеци, а полицијата се уште не открила кој пукаше во високиот функционер на СДСМ, Борче Петковски, член на извршен одбор на партијата и екс пратеник. Во него беше пукано на 27 април во Битола додека со поранешниот градоначалник на СДСМ, Златко Вршковски и бившиот началник на УБК во Битола, Љупчо Чкљамовски разговарале на улица во населбата Карпош. Куршумот го повреди во ногата.

    Дали крушумот бил наменет за некој друг и случајно завршил во ногата на Петковски, се уште не окриено.

    Петковски во изјава за САКАМДА КАЖАМ.МК вели дека од полицијата досега нема добиено официјална информација дека е откриен сторителот  или дека е поднесена кривична пријава против некого за настанот. „Не ме известиле за ништо“вели тој.

    Полициски извори велат дека се уште работат на расветлување на случајот.

    Инцидентот се случи на 27 април околу 15 часот кога блиските пријатели се собираа за да посетат дуќан на пријател во близина. Крај нив поминал автобус, по што Петковски беше застрелан во ногата. Бидејќи не се слушнал истрел постоеја сомнежи дека било пукано од пиштол со придушувач. Екс пратеникот беше однесен на болница, каде му беше санирана раната. За среќа куршумот не предизвика посериозна компликација.

    Ова се случуваше во периодот кога министер на МВР беше Оливер Спасовски. Во тој период имаше нови назначувања на раководни лица во полицијата, а во ек беа и протестите на Шарената револуција во Битола.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари