ПОЖАРНО ВОЗИЛО ВЛЕГЛО ВО ДНЕВНА СОБА ВО БИТОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЖАРНО ВОЗИЛО ВЛЕГЛО ВО ДНЕВНА СОБА ВО БИТОЛА

    Противпожарно возило во обид да спаси куќа од пожар во битолското маало Баир, синоќа удрило во друга куќа и ја демолирало. Ова се случило кога возилото се искачувало на улицата Ваташа, која е една од најстрмните и во зимски услови секогаш лизгава. Не можејќи да ја доискачи угорнината почнало да се враќа назад, се зализгало и удрило во куќата на семејството Апостолови. Притоа им ја срушило дневната соба, а распукани се и другите делови од куќата.

    „Дневната цела ни е разрушена, среќа што се спасивме. Кога удри бевме во кујната, се слушна бум и избегавме“, вели Апостоловска (Фото: СДК.МК)

    „Дневната цела ни е разрушена, среќа што се спасивме. Кога удри бевме во кујната, се слушна бум и избегавме“, вели Апостоловска (Фото: СДК.МК)

    Сопственичката Славица Апостолова вели дека среќа во несреќата било тоа што со семејството не биле во дневната, зашто можеле да загинат.

    Внатре е како бомба да има паднато (Фото: СДК.МК)

    Внатре е како бомба да има паднато (Фото: СДК.МК)

    „Се случи кај 19,30 часот. Пожарната се враќаше наназад, се испушти и влезе во нашата куќа, ни ја оштети. Внатре е како бомба да има паднато. Ако гледавме телевизија ќе не потиснеше. Дневната цела ни е разрушена, среќа што се спасивме. Кога удри бевме во кујната, се слушна бум и избегавме“, вели Апостоловска.

    Таа додава дека вечерта кога се случила несреќата улицата Ваташа не била исчистена од мразот и снегот.

    „Улицата не беше чистена, потоа почнаа да фрлаат песок, чакал и сол за да го извлечат возилото“, вели Апостоловска.

    Таа е загрижена каде ќе живеат со семејството и малото внуче во услови кога врне снег и температурите се ниски.

    Во другата куќа на улицата Поречка пожарот изби од експлозија на плинска боца. Пожарот ја оштети цела куќа, а тешко повредени со изгореници се мајка и ќерка (Фото: СДК.МК)

    Во другата куќа на улицата Поречка пожарот изби од експлозија на плинска боца. Пожарот ја оштети цела куќа, а тешко повредени со изгореници се мајка и ќерка (Фото: СДК.МК)

    „Внучето, бидејќи е на распуст, престојува на село. Но, од понеделник ќе почне школската година и ќе мора да се врати в град. Во која куќа ќе живее?“, вели Апостоловска.

    Од битолската Противпожарна единица објаснуваат дека интервенцијата била тешка, зашто поради тесните улички не можеле да пристапат кон куќата која горела на улицата Поречка, па морале да се движат по други улици кои биле лизгави.

    „За време на интервенцијата врнеше снег, беше и подмрзнато, па мразот си го стори своето. Возилото се искачуваше по улицата Ваташа и стигна до одредена висина, нагоре не можеше и почна да враќа во рикверц и удри во друга куќа“, раскажува командирот Костадин Поповски.

    Од пожарната велат дека на семејството ќе им се плати штетата, за што е направен и нивен и полициски зписник.

    Во другата куќа на улицата Поречка пожарот изби од експлозија на плинска боца. Пожарот ја оштети цела куќа, а тешко повредени со изгореници се мајка и ќерка. Тие се хоспитализирани во битолската болница, а денес се подготвува транспорт на скопските клиники.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира