ПОЖАРОТ ВО КОНДОВО СЕ ПРИБЛИЖИ ДО КУЌИТЕ, НЕКОИ ОД СЕЛАНИТЕ СЕ ЕВАКУИРААТ

    ПОЖАРОТ ВО КОНДОВО СЕ ПРИБЛИЖИ ДО КУЌИТЕ, НЕКОИ ОД СЕЛАНИТЕ СЕ ЕВАКУИРААТВлезот на Скопје од западната страна кон Ѓорче Петров е целиот во чад, а пепел паѓа врз колите што се движат на обиколницата.- (Фото: М.И. Пачемска)

    Големиот пожар кој вечерва го зафати пределот над скопското село Кондово зафатил и неколку куќи, тврдат селаните кои екипата на САКАМДАКАЖАМ.МК ги затекна на клучката кај скопската обиколница.

    Една жена со помало дете чекаше да дојде кола за да ја преземе откако била принудена да ја напушти куќата поради огнот што се приближил до куќата. Таа раскажа дека во селото е хаотично и владее паника. Забележавме поголем број полициски возила на приодите кон селото.

    Влезот на Скопје од западната страна кон Ѓорче Петров е целиот во чад, а пепел паѓа врз колите што се движат на обиколницата.

    Огнот го гасат девет противпожарни возила. Поради ветерот што дува гасењето е отежнато.

    Во моментов нема повеќе информации од Противпожарната служба.

    М.И. ПАЧЕМСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари