ПРАТЕНИЦИТЕ НА ОДМОР ДО 15 АВГУСТ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ПРАТЕНИЦИТЕ НА ОДМОР ДО 15 АВГУСТ

    Гласањето за ребалансот на буџетот на 29 јули беше последниот парламентарен настан пред почетокот на летните одмори за политичарите, кој вообичаено трае две недели. Еден ден порано беа изгласани и и измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за кривична постапка, Изборниот законик и на Законот за Влада, договорени меѓу претставниците на политичките партии.

    По 15 август треба да се знае составот на ад хок телото за регулација на медиумите, главниот уредник на МТВ по предлог на СДСМ, а на 31 овој месец треба да се знае и дали на 11 декември ќе има предвремени парламентарни избори. Се очекува ново раздвижување и на граѓанските актвисти и на Шарената револуција.

    За одбележувањето на 2 Август – Илинден, претседателот Ѓорге Иванов ќе оди во Меморијалниот комплекс во Пелинце, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во Скопје ќе биде пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, претседател на президиумот на АСНОМ, а премиерот Емил Димитриев ќе ја предводи делегацијата на централното чествување на Мечкин камен во Крушево. Таму ќе биде положено цвеќе на гробот на Никола Карев, на местото Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин камен, каде што ќе се одржи голем народен собир.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари