ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ДОБИЛЕ НАЛОГ ДА НЕ МРДААТ ОД СОБРАНИЕ, СЕ ДОГОВАРА СЕДНИЦА ЗА РАСПУШТАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ДОБИЛЕ НАЛОГ ДА НЕ МРДААТ ОД СОБРАНИЕ, СЕ ДОГОВАРА СЕДНИЦА ЗА РАСПУШТАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТОТ

    Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се во полн состав во моментов во Собранието, не си одат дома, бидејќи добиле налог да останат тука, поради можна едница за распуштање на Собранието.
    „Тука сме, чекаме. Во моментов тече координација на пратеничките групи кај претседателот Трајко Вељаноски. Најверојатно ќе има седница на која првин ќе биде изгласан буџетот за 2017 година, кој е готов, спакуван одовде и и испратен во Владата, за веднаш потоа Вељаноски да закаже итна седница за распуштање на Собранието“, велат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за САКАМДАКАЖАМ.МК.
    Претходно координаторот на СДСМ Горан Сугарески соопшти на прес-конференција дека пратениците од опозицијата поднеле иницијатива до Вељаноски за итна седница со единствена точка на дневен ред распуштање на Собранието. Во исто време таква иницијатива поднесе и пратеникот од Демократски сојуз Павле Трајанов.
    ВМРО-ДПМНЕ предмалку со соопштение го повика спикерот Вељаноски да ја стави точката за распуштање на дневен ред за да биде, како што се наведува, усвоена.

    „ВМРО-ДПМНЕ предлага Собранието на Република Македонија уште денеска, во 17.00 часот,  да закаже седница на која што прва точка ќе биде донесување на Буџетот за 2017 година, со што ќе се гарантира редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните. Втора точка, која во целост ќе ја поддржиме, предлагаме да биде донесување на одлуката за распуштање на Собранието и за неа да се расправа во 19.00 часот“, соопшти партијата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира