ПРЕГОВОРИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ ДЕНЕС СО „ИНТЕРЕСЕН ПРЕДЛОГ НА МАСА“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЕГОВОРИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ ДЕНЕС СО „ИНТЕРЕСЕН ПРЕДЛОГ НА МАСА“

    Преговорите на политичките партии потписнички на Пржинскиот договор ќе продолжат и денеска со обид да се реши единственото преостанато спорно прашање – ингеренциите на министерот за внатрешни работи во преодната влада што треба да ги организира изборите и дали тој министер треба да се повлече веднаш по денот на изборите.

    Синоќа по разговорите во резиденцијата на американскиот амбасадор на Водно, претставниците на партиите не дадоа никакви изјави, а домаќинот рече дека има интересна идеја и се надева дека договор ќе се постигне до крајот на неделава.

    „Не можам да ви соопштам дека постигнавме договор, но може да ви кажам дека имавме интересна нова идеја на маса“, изјави амбасадорот Бејли и потсети на неговата изјава од минатиот петок дека „овој договор е многу важен за земјата, за вашите пријатели, за Европската Унија и за САД и ние сакаме да ги дадеме сите можности за да бидеме сигурни дека ќе го најдеме патот кон напредокот“.

    На средбата беа Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА. Посредници на преговорите се американскиот амбасадор Џес Бејли и заменикот на евроамбасадорот Аиво Орав, кој е на дополнителни консултации во Брисел.

    И помошничката државен секретар на САД Викторија Нуланд минатиот вторник во Скопје рече дека почувствувала оти кај политичките лидери има политичка волја да се договорат и замина охрабрена дека договор ќе има многу брзо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари