ПРИВЕДЕНИОТ ИСТРАЖИТЕЛ НА СЈО ФОТОГРАФИРАЛ ОБЈЕКТ НА МИЈАЛКОВ, ПОТВРДИ МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРИВЕДЕНИОТ ИСТРАЖИТЕЛ НА СЈО ФОТОГРАФИРАЛ ОБЈЕКТ НА МИЈАЛКОВ, ПОТВРДИ МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ

    Истражителот на Специјалното јавно обвинителство, кој беше приведен и брзо пуштен на слобода, фотографирал објект на поранешниот директор на Управата за безбедност и контразузнавање Сашо Мијалков, кажа министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски на прес-конференцијата во МВР нешто пред полноќ.

    „Лицето било забележано како фотографира објект, ме информираа дека тоа било објект на господинот Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК. Бидејќи е забележан од обезбедувањето како го слика објектот, бил повикан во полициската станица ‘Беко’, бил известен јавниот обвинител, кој дал насоки како понатаму да се постапува, изјавата е дадена, соберени се службените белешки од полициските службеници кои постапувале и  предметот е предаден во јавното обвинителство“, изјави Спасовски.

    Претходно, Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева кажа дека приведениот истражител на СЈО бил неосновано задржан од полицијата. Таа, пред полициската станица Центар во Скопје, каде беше задржан нејзиниот истражител, рече и дека си го земале истражителот со нив и тој ќе оди во просториите на СЈО.

    Спасовски рече дека ноќва разговарал со специјалната обвинителка Катица Јанева за истражителот, кој беше избркан од просториите на УБК додека таа беше на интервју во телевизијата Телма.

    „Ги расчистивме сите работи, тие го повлекоа истражителот, бидејќи имаат недоразбирања со УБК, но јавноста треба да знае дека судските наредби ќе бидат извршени“, додаде Спасовски.

    15-тина минути пред пресот на Спасовски, изјава пред МВР даде обвинителката од СЈО Ленче Ристовска, која кажа дека нивниот тим си заминува од МВР, откако добиле уверување од министерот Спасовски дека обезбедувањето на МВР ќе се погрижи ноќва ништо да не биде изнесено од УБК.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира