ПРОДОЛЖУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ ВО ПРЖИНО, НАПНАТО НА ПРОТЕСТОТ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОДОЛЖУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ ВО ПРЖИНО, НАПНАТО НА ПРОТЕСТОТ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

    Разговорите меѓу претставниците на четирите партии потписници на Договорот од Пржино продолжуваат денеска. Вчерашната средба завршила со мал напредок во разговорите. Се уште нема услови за нова лидерска средба.

    Агенцијата Мета синоќа јави дека се можни избори во ноември, повикувајќи се на извори од преговарачките тимови.

    Викторија Нуланд вчера изјави дека „го напушта Скопје охрабрена дека во наредниве денови преговарачките тимови ќе се здружат околу идеите што се сега на маса и дека ќе направат нацрт за пат кон избори“ (Фото: СДК.МК)

    Викторија Нуланд вчера изјави дека „го напушта Скопје охрабрена дека во наредниве денови преговарачките тимови ќе се здружат околу идеите што се сега на маса и дека ќе направат нацрт за пат кон избори“ (Фото: СДК.МК)

    Но, паралелно со процесот на преговори што се водат во резиденцијата на амбасадорот на ЕУ во Пржино, во центарот на Скопје продолжија и протестите на Шарената револуција. Синоќа беше многу напнато и за малку беше избегнат инцидент кога полицијата со кордон ги спречи демонстрантите да се приближат до Министерството за финансии. Антивладините демонстранти беа заглавени во преминот кај кафулето „Корзо“ под Градски ѕид. Тие на секој начин се обидуваа да пристигнат пред Министерството и на крај преку гаражите и влезовите успеаја да го поминат кордонот. При тоа некои од нив добија и модринки и скинати маички. Откако успеаја да дојдат пред Министерството тие ја обоија фасадата во знак на протест за најавеното задолжување од 650 милиони евра, а група девојки со кармин испишаа пораки на вратата.

    sarena revolucija 11 juli 004

    За малку беше избегнат инцидент кога полицијата со кордон ги спречи демонстрантите да се приближат до Министерството за финансии а тие беа заглавени во преминот кај кафулето „Корзо“ под Градски ѕид (Фото: СДК.МК)

    Сепак, дека деновиве може да се очекува нов политички договор за нови избори, со помош на ЕУ и на САД, најави помошничката на американскиот државен секретар Викторија Нуланд, која вчера беше во Македонија. Таа изјави дека „го напушта Скопје охрабрена дека во наредниве денови преговарачките тимови ќе се здружат околу идеите што се сега на маса и дека ќе направат нацрт за пат кон избори “.

    Во пакетот за излез од кризата влегува и поддршката за Специјалното обвинителство за кое Нуланд рече дека е од витално значење „за да се врати вистинското владеење на правото, отчетноста и чист правосуден систем во земјата“.

    Нуланд ги пофали и граѓанските активисти. „Имав прилика да разговарам со активисти од граѓанското општество и новинари и да ги охрабрам за нивната јуначка работа“, рече таа на прес конференцијата во амбасадата на САД.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари