ПУСТОШ ВО СКОПСКО, НЕ СЕ ПОТВРДЕНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЖРТВИ ОД НЕВРЕМЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПУСТОШ ВО СКОПСКО, НЕ СЕ ПОТВРДЕНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЖРТВИ ОД НЕВРЕМЕТО

    Не се потврдени информациите дека во силното невреме што синоќа го зафати Скопје има повредени или исчезнати граѓани. Центарот за управување со кризи и град Скопје ќе излезат подоцна во текот на претпладнето со детални информации за штетите и евентуални жртви.

    Поројниот дожд и силниот ветар што синоќа го зафати Скопје предизвика штети низ целиот град, а најпогодени беа населбите под Скопска Црна Гора, Стајковци, Ченто и Инџиково, како и делот од обиколницата на тој потег.

    Надојдената вода од планината предизвика одрони и свлечишта и ги поплави населбите, предизвикувајќи штети на домовите и уништувајќи возила. Во справување со кризата се вклучени армијата, полицијата, противпожарните единици, службите на градот и приватни компании со механизација.poplaveno-vozilo-nevreme Сообраќајот во голем дел од градот беше во прекин поради поплавените улици, а на неколку критични точки, многу граѓани останаа заглавени во своите автомобили. Поради скинати кабли и паднати бандери имаше и прекин на струјата во делови од градот, а прекини имаше и во Гостивар, Тетово и Македонски Брод. Неколку улици во Скопје беа блокирани од откорнати дрва и насекаде имаше расфрлано искршени гранки.nevreme-podvoznik-2Граѓани од Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Гази Баба се пожалија дека им се поплавени пониските делови од домовите, подрумските простории и гаражите, откако шахтите почнаа да се излеваат.

    Невреме ја зафати и западна Македонија, посебно полошкиот регион. Отсечени беа три тетовски села, Бродец, Вешала и Бозовце, откако патот Шипковица-Бродец беше однесен во должина од 300 метри.PST-SIPKOVICA-BRODECОд Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека во Скопје за 2 и пол часа наврнале 33 литри на метар квадратен. Нивното предвидување е дека до понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Во вторник се уште ќе има услови за слаб локален дожд, а извесно стабилизирање на времето се очекува од среда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари