РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ЗВРЛЕВСКИ ДЕНЕСКА ПАК ВО СОБРАНИЕ

    РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ЗВРЛЕВСКИ ДЕНЕСКА ПАК ВО СОБРАНИЕПродолжувањето на седницата за разрешување на Зврлевски вчера го најави претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој рече дека седници можно е да има и за време на викендоt (Фото: СДК.МК)

    Во Собранието денеска ќе продолжат петтата, шестата и осмата седница. Продолжението на петтата седница е закажано за 11 часот, со единствена точка на дневен ред – извештајот за работата на Агенцијата за администрација за 2016 година.

    По нејзиното завршување, треба да продолжи осмата седница на која има 13 точки на дневен ред, меѓу кои се изборот на заменици на генералниот секретар на Собранието, изменувањето и дополнувањето на Кривичниот законик, како и повеќе годишни и финансиски извештаи на неколку институции.

    По завршувањето на осмата седница, ќе продолжи шестата седница, односно расправата за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлески, прекината пред десетина дена. Барањето за разрешување на Зврлевски е предлог на Владата, од каде велат дека Зврлевски постапувал непрофесионално, ненавремено и незаконски. Опозицијата не го поддржува овој предлог на Владата и тие тврдат дека Зврлевски добро ја врши својата работа.

    Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираа точката за разрешување на Зврлевски од самиот почеток. Шестата собраниска седница почна на 6 јули, а непосредно пред точката за разрешување на обвинителот Марко Зврлевски, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ масовно се пријавија за збор за точката на која што требаше да се дискутира за давање зелено светло на Народниот правобранител Иџет Мемети за можноста сам да вработува, неврзан со законите за јавна и државна администрација. За збор се пријавија 35 пратеници од оваа партија, која што тогаш уште немаше пратеничка група и затоа имаше право секој од пријавените покрај дискусија, да бара и процедурални забелешки и реплики, што во пратеничките групи како право го имаат само координаторите.

    На продолжението на 12 јули, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа од спикерот Талат Џафери да ја прекине собраниската седница за разрешувањето на Зврлевски во 18 часот, за да одат на слава за Свети Петар и за Свети Павле, а расправата следниот ден беше до 18 часот и оттогаш шестата седница е прекината.

    Продолжувањето на седницата за разрешување на Зврлевски вчера го најави претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој рече дека седници можно е да има и за време на викендот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира