РЕДИЦА ЗА ЧАТАЛОТ, НА АБОЛИЦИРАНИТЕ ИМ ТЕЧЕ ОД НОГАВИЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РЕДИЦА ЗА ЧАТАЛОТ, НА АБОЛИЦИРАНИТЕ ИМ ТЕЧЕ ОД НОГАВИЦИ

    Демонстрантите што маршираа во Шарената револуција вечерва пред Собранието чекаа во редица за да го гаѓаат со боја со големиот чатал. Претходно, како и секоја вечер, на разглас се пуштаа бомбите за изборните измами, овојпат за крадењето на гласовите на Ромите.

    „Оваа боја на Собранието и на сите инстиуции е симбол на нашиот непокор. Тие имаат куршуми, ние имаме срце“, рече еден од говорниците. „Ни ја украдоа сегашноста, ама нема да дозволиме да ни ја украдат иднината. Во студентските домови никнуват печурки, а во мерцедесот на Груевски никнуваат масажери“, рече тој.

    Протестот на Шарената револуција и движењето Протестирам заврши кога се истроши бојата, а утре ќе има нов, од 18 часот пред СЈО.

    Демонстрантите вечерва пред Владата испишуваа слогани на улицата, но поради голем број полицајци кои го блокираа пристапот дури и до оградата, не се активира специјалната единица за шарање. Демонстрантите маршираа и палеа факели пеејќи „Џабе ти е аболиција, Никола“, а на улицата ги испишаа прочуените максими на покојниот новинар Никола Млаеднов „Колку чини слободата?“ и „Ние сакаме општество на слободни луѓе, тие сакаат збирштина на без’рбетници и тука нема компромис“.

    Демонстрантите пред Владата донесоа програми на ВМРО-ДПМНЕ и скокаа врз нив, како одговор на интервјуто за Телеграф.мк на експремиерот Груевски, кој невладините организации ги нарече секти кои обучувале луѓе така што ги терале да скокаат врз програмите на неговата партија и да извикуваат „Оваа Влада не чини“. Демонстрантите во тој стил скокаа врз програмите на ВМРО-ДПМНЕ и извикуваа „Оваа Влада не чини“, по што ги запалија програмите. Во импровизирана кутија се собираа и донации за Шарената револуција, за да се купи боја за шарање на институциите.

    „Со оваа власт одиме во пропаст“ беше мотото на вечерашниот протест, а оваа парола беше испишана на главниот транспарент, на кој беа закачени кукли со маските на Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески облечени во затвореничка облека. На почетокот, беа запалени фотографии од Груевски, Иванов, Вељаноски, Чавков и актерката Јелена Жугиќ, а демонстранти ги потурија куклите со ликовите на аболицираните со кафе, за да „им тече од ногавици“.

    Забавата „Информативен разговор“ закажана за утревечер пред полициската станица „Беко“ се преместува за во сабота, информираа организаторите. Предвидено е забавата да започне во 20 часот, а најавен е и музички перформанс Како што пишува во информацијата испратена до Министерството за внатрешни работи, целта на забавата е министерот Митко Чавков да може да ги праша учесниците на Шарената револуција сѐ што го интересира.

    Забавата доаѓа откако двајца лидери и активистка на Хелсиншкиот комитет и учесници во Шарената револуција беа повикани на информативни разговори во полициската станица „Беко“ затоа што со боја фрлале кон институциите и спомениците и беа казнети со по 50 евра.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари