САД БАРА БЕЗ ОДЛАГАЊЕ ДА СЕ ФОРМИРА ВЛАДА ВО МАКЕДОНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"САД,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    САД БАРА БЕЗ ОДЛАГАЊЕ ДА СЕ ФОРМИРА ВЛАДА ВО МАКЕДОНИЈА

    Американскиот Стејт департмент денеска повика во Македонија неодложно да се формира влада, во склад со Уставот и посветена на владеење на правото и на спроведување на потребните реформи.

    „Заедно со нашите сојузиници во во ЕУ, САД одблизу го следи процесот на формирање влада во Македонија како последица на парламентарните избори на 11 декември, 2016. САД ги повикува македонските лидери да формираат нова влада без натамошно одлагање, на начин во склад со Уставот и аспирациите на Македонија за влез во ЕУ и НАТО. Формирањето нова влада посветена на владеење на правото и на спроведување на потребните реформи ќе помогне да заврши полиитчката криза која сериозно го отежна демократскиот и економскиот развој на земјата и евроатланската интеграција“, се вели во изјавата објавена на сајтот на Стејт департментот, која ја соопшти портпаролот Марк Ц. Тонер.

    Во изјавата се додава и дека „САД ги повикува сите партии да ги стават интересите на Македонија и на нејзините граѓани над сѐ, конструктивно да работат заедно и целосно да ги спроведат сите обврски преземени со Договорот од Пржино“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира