САД ГО ПОВИКУВААТ ИВАНОВ ДА ЈА ПРЕИСПИТА ОДЛУКАТА ЗА АБОЛИЦИЈА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:218:"Акосеисполни,овааодлукаќегизаштитикорумпиранитеслужбенициинанародотнаМакедонијанемадамудозволиправда";s:9:"td_source";s:18:"Вашингтон

    САД ГО ПОВИКУВААТ ИВАНОВ ДА ЈА ПРЕИСПИТА ОДЛУКАТА ЗА АБОЛИЦИЈА

    Соединетите Американски Држави попладнево го повикаа претседателот Ѓорге Иванов одново да ја разгледа одлуката и да му дозволи на Специјалното обвинителство да ги истражи сериозните обвиненија за владин криминал и да им дозволи на судовите да си ја завршат работата.

    Во изјава што ја даде Џон Кирби, помошник секретар и портпарол на Стејт департментот се вели дека „САД се длабоко загрижени од објавата на претседателот Иванов да ги помилува лицата кои се предмет на истрага во врска со скандалот со прислушувањето. Ако се исполни, оваа одлука ќе ги заштити корумпираните службеници и ќе го лиши од правда народот на Македонија. Исто така тоа и понатаму ќе го поткопа владеењето на правото во Македонија, како и интегритетот на судските институции и веродостојноста на посветеноста на лидерите кон фундаменталните вредности на НАТО и ЕУ“, стои во изјавата од Стејт департментот.

    „Како пријател на Македонија САД силно бара од претседателот Иванов да ја преиспита неговата одлука и да му дозволи на Специјалното обвинителство – создадено како дел од договорот од Пржино – да ги истражи сериозните обвиненија за владин криминал и да им дозволи на судовите да си ја завршат работата. Исто така ги охрабруваме Владата и партиите да продолжат да работат на реформите кои ќе ги зајакнат демократските институции и ќе ја вратат Македонија на патот кон веродостојни избори и евроатлантска интеграција“, се вели во денешната изјава на Стејт департментот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари