САД И ЕУ ПО СТОТИ ПАТ ПОВИКАА ДА НЕ СЕ ПОПРЕЧУВА СЈО, ОТИ Е КЛУЧНО ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    САД И ЕУ ПО СТОТИ ПАТ ПОВИКАА ДА НЕ СЕ ПОПРЕЧУВА СЈО, ОТИ Е КЛУЧНО ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА

    Амбасадата на САД и Постојаната мисија на ЕУ во Македонија вечерва по којзнае кој пат предупредија дека на СЈО мора да и се овозможи непречена истрага затоа што утврдувањето на прашањето кој прислушувал и дали е точно тоа што се слуша во истечените снимки е клучно за излез од политичката криза.

    Во изјава за агенцијата МЕТА, амбасадата на САД вели дека „на Специјалната јавена обвинителка мора да и биде овозможено да спроведе целосна и независна истрага, без никакви опструкции, а државните институции и политичките партии треба да соработуваат“

    „На СЈО мора да му биде овозможено да спроведе целосна и независна истрага без одложувања или опструкции, а владините институции и политичките партии треба да соработуваат во овие процеси. Според Договорот од Пржино, утврдувањето на одговорноста за незаконското прислушување и наводите за злоупотреби од владата се клучен чекор за ставање крај на политичката криза и за напредок кон членството во НАТО и Европската Унија“, се вели во изјавата од американската амбасада, дадена за агенцијата МЕТА.

    И делегацијата на Европската Унија во Македонија ги повика сите страни да се придржуваат до договореното и да не вршат опструкции на работата на Специјалното јавно обвинителство.

    „Не можеме да коментираме за тековни истраги, но, потсетуваме дека сите страни се обврзаа да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство“, велат за МЕТА од Делегацијата на ЕУ во Скопје, на прашањето како ги коментираат последните настани поврзани опструкцијата на работата на СЈО која ја врши Управата за безбедност и контраразузнавање, заедно со поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и дополнитениот заменик-министер Оливер Андонов.

    Тимот обвинители и истражители сè уште се во Управата за безбедност и контраразузнавање. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ноќеска изјави дека ако треба ќе остане таму и до 1 јануари.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира