СДСМОВЦИТЕ ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ УВЕРЕНИЈАТА ЗА НЕОСУДУВАНОСТ НАВРЕМЕ, УВЕРУВААТ ДИК И СУДОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СДСМОВЦИТЕ ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ УВЕРЕНИЈАТА ЗА НЕОСУДУВАНОСТ НАВРЕМЕ, УВЕРУВААТ ДИК И СУДОТ

    Сите неспорни кандидати за пратеници ќе ги добијат навреме потребните уверенијата за неосудуваност, уверуваат од СДСМ, Основниот суд Скопје 1 и од Државната изборна комисија.

    Иако вчера се крена паника поради турканиците и напливот од барања за неосудуваност во Основниот суд Скопје 1, сепак, по појаснувањето од Судот дека кандидатите за пратеници доселени во Скопје треба уверенија да си вадат по местото на раѓање, ситуацијата денеска таму е поинаква. Напливот е спласнат, уверенија денеска се издаваат, потврдуваат и од СДСМ.

    Владејачката ВМРО-ДПМНЕ воопшто не ги проблематизираше овие потребни уверенија и рокот, т.е. дали кандидатите ќе ги добијат до петок или не.
    Членовите на ДИК на вчерашната седница одлучиле писмено да побараат од сите судови со проширена надлежност, а не само од Основниот суд Скопје 1, поажурно да ги изготвува уверенијата за неосудуваност на кандидатите за пратеници. Сепак, од ДИК велат дека не треба да се прави случај од уверенијата.
    Кандидатските листи, комисијата ќе ги разгледува во сабота, а за оние што не се комплетни може да им даде рок од 48 часа да ги отстранат неправилностите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира