СЕ БОИ КАБИНЕТОТ НА ВЕЉАНОСКИ, СО ЧАТАЛОТ ПРВПАТ РАКУВА ДЕВОЈКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕ БОИ КАБИНЕТОТ НА ВЕЉАНОСКИ, СО ЧАТАЛОТ ПРВПАТ РАКУВА ДЕВОЈКА

    Специјалната единица за боење вечерва ја усоврши техниката. Откако уште еднаш ја обои Владата со чаталот со тегнало, го бојат и Собранието. Се гаѓа директно во кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. Со чаталот, пред Собранието првпат ракува девојка и најпрецизно досега ја погодува метата. Секој погодок се поздравува со громогласен аплауз и извици на задоволство.

    Од говорница пред Собранието, претставник на Власите го честиташе 23 мај, Денот на Власите. Кревајќи во рацете стап, тој рече „ќе си заминат како овци“. Организаторите уште еднаш ги повторија барања на антивладините демонстранти и порачаа дека ќе останат на улица се додека не се исполнат.

    Шарената револуција на пат кон Собранието беше сведок на романтична случка. Пред канцеларијата на Претседателот Ѓорге Иванов една демонстрантка се добилижи до кордонот полицајци и на еден млад полицаец му подари букет цвеќе, го бакна и му го спушти визирот. Полицаецот изненаден го зема цвеќето и се насмевна на демонстрантката. Оваа сцена, поради силната галама ја забележаа малкумина демонстранти и дел од полицијаците од кордонот. Сите на овој гест на демонстрантката одговорија со насмевки.

    Колоната демонстранти тргна кон Собранието откако со кафезот со затворениците кусо се задржа пред Влада. Демонстрантите се сликаа со затворениците и покажаа дека воделе посебна грижа за лисиците на рацете на аболицираните. Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески е врзан со тигрести лисици, а поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска со виолетови.

    Кафезот во кој се затворени аболицираните ја предводеше колоната демонстранти која од пред СЈО тргна кон Владата. Пред да тргнат, демонстрантите ставија кукли со ликовите на дел од аболицираните облечени во затвореничка облека, во голем кафез. Зад решетките се поранешната минисерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, пранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер. Кафезот е на тркалца и демонстрантите го туркаа по булеварот „Св. Климент Охридски“ кон Владата.Вечерашната шарена револуција е посветена на Власите во Македонија по повод 23 мај, Денот на Власите. Централниот транспарент на влашки и на македонски порачува „Не за криминалот, не за аболицијата“.

    „Од оваа борба нема откажување! Нашиот избор е тоталитарно мракобесие или улица. Ние ја одбираме улицата и затоа ви порачуваме: раскомотете се, ова ќе биде пеколно лето! Протестира полека ќе станува бликрам, окупирам и секојдневно го менувам системот!“, напишаа денес на Фејсбук организаторите од Протестирам.

    Откако се исполни барањето за одложување на изборите на 5 јуни, останаа барањето за итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари