СЕ НОРМАЛИЗИРА СОСТОЈБАТА НА ПАТИШТАТА, НО СЕ ВОЗИ ОТЕЖНАТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

СЕ НОРМАЛИЗИРА СОСТОЈБАТА НА ПАТИШТАТА, НО СЕ ВОЗИ ОТЕЖНАТО

Патниот правец Свети Николе-Куманово кој беше во прекин поради снежни наноси од утринава е прооден за сите видови возила, соопшто Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Поради остатоци на снег на патот сообраќајот се одвива отежнато и на правецот Куманово – Крива Паланка и од АМСМ препорачуваат многу внимателно возење со зимска опрема.

Останува забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар, како и на патните правци Маврово – Дебар и Кочани – граничен премин Делчево.

Спред АМСМ сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови наместа со остатоци од снег.

Коментари