СЕДНИЦАТА ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА БЛОКИРАНА СО ОДГОВАРАЊЕ ПРАШАЊА ОД ПРЕД ШЕСТ МЕСЕЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕДНИЦАТА ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА БЛОКИРАНА СО ОДГОВАРАЊЕ ПРАШАЊА ОД ПРЕД ШЕСТ МЕСЕЦИ

    Одговорите на 20-тина неодговорени прашања со месеци наназад дојдоа изненадувачки сите одеднаш на денешната собраниска седница за поставување пратенички прашања и го блокираа поставувањето на новите.
    Во моментов пратениците се на редовна едночасовна пауза, по што седницата ќе продолжи со одговарањето на старите прашања, за кои има процедура за секој одговор пратеникот да се изјасни дали е задоволен или не, зошто не е, како и да поставува дополнителни прашања по добиените одговори, најчесто во писмена форма.
    Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески обвини дека со ваквите игри, парламентарното мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ прави се за да нема време опозицијата да не им постави постави прашања на премиерот и на министрите денешната седница за пратенички прашања, која е последна пред распуштањето на Собранието заради изборите на 11 декември и оти на власта и е важно само буџетот за 2017 година да биде изгласан.
    Сугарески обвини и дека исти игри се прават само за да не се одржи надзорната расправа за поплавите и катастрофалните последици кои однесоа 22 живота во Скопско, а која треба да утврди одговорност кај надлежните функционери, но и да не дојде на расправа во Собранието и извештајот за работата на обвинителството на Марко Зврлевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира