СЕГА БОМБАТА Е ВО РАЦЕТЕ НА ИВАНОВ, РЕЧЕ АХМЕТИ ПО СРЕДБАТА ВО РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ВОДНО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕГА БОМБАТА Е ВО РАЦЕТЕ НА ИВАНОВ, РЕЧЕ АХМЕТИ ПО СРЕДБАТА ВО РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ВОДНО

    Претседателот на ДУИ Али Ахмети по разговорот со претседателот Ѓорге Иванов рече дека „сега клучот е кај Иванов, а не во неговата партија“, објави телевизија АлсатМ.

    „Каде претседателот ќе го однесе клучот е негова одлука. Јас ја имав бомбата, да се изразам симболично и ја фрлив кај претседателот. Сега не знам каде тој ќе ја фрли“, изјавил Ахмети.

    Прашан дали ќе се обиде да преговара со лидерот на СДСМ Зоран Заев за формирање ново парламентарно мнозинство, Ахмети рече дека ДУИ и претходно четири дена заседавала и ги разгледувала сите опции.

    „Разговаравме за сите опции, разговаравме на маса и сите аргументи се уште не се искористени, истрошени… Од утре и во следните денови ние ќе продолжиме со консултациите во партијата и ќе продолжиме со анализирање и разгледување на сите опции. Но, би сакал да кажам дека имаме силна волја за изнаоѓање решение за да ги вратиме работите на своето место во интерес на стабилноста и засилувањето на државата“, рече Али Ахмети.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира