ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА И ЗА СУДОТ ШТО ПРИТВОРА ДЕМОНСТРАНТИ, А ОСЛОБОДУВА ОСОМНИЧЕНИ КРИМИНАЛЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА И ЗА СУДОТ ШТО ПРИТВОРА ДЕМОНСТРАНТИ, А ОСЛОБОДУВА ОСОМНИЧЕНИ КРИМИНАЛЦИ

    Шарената револуција синоќа го зафати Кривичниот суд во Скопје кој држи во куќен притвор демонстранти од антивладините протести, а сите осомничени за криминал за кои Специјалното обвинителство побара притвор, ги ослободи.

    Демонстрантите синоќа ја бојадисаа зградата на Основниот суд 1 во Скопје. Фрлаа балони со боја и скандира  „Нема правда, нема мир“.

    “Протестираме тука оти немаме независно судство и немаме правда. Прекршени се човечките права без разлика на професијата“, рекоа организаторите.

    Сакам да упатам порака до сите родители - нема зошто да се плашите, охрабрете ја нашата младина бидејќи избор нема, или ќе живееме во слобода или ќе ги гледаме нашите деца преку вибер и скајп“, порача Елена, мајката на притворениот студент Бојан

    Сакам да упатам порака до сите родители – нема зошто да се плашите, охрабрете ја нашата младина бидејќи избор нема, или ќе живееме во слобода или ќе ги гледаме нашите деца преку Вибер и Скајп“, порача Елена, мајката на притворениот студент Борјан Ефремов (Фото: СДК.МК)

    Пред Кривичниот суд на демонстрантите им се обрати и Елена, мајката на притворениот студент Борјан Ефремов.

    Куќниот притвор за нови 30 дена им е продолжен и на членот на Президиумот на Левица проф. Здравко Савески и на уште двајца демонстранти приведени по протестите во Скопје, што се случија првата недела по донесувањето на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници.

    Додека демонстрантите остануваат во куќен притвор, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје минатата недела ослободи од притвор и двајца осомничени во случајот на СЈО „Транспортер“. Наместо мерката притвор, што им ја одреди судијата на претходна постапка, Кривичниот совет им определил мерки за обезбедување присуство. Судот го извади од притвор и првоосомничениот во „Транспортер“, секретар во Општина Битола и најблизок соработник на градоначалникот Владимир Талески.

    Во истиот суд и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска чека распит како една од осомничените од случајот на СЈО за уништување на прислушна опрема „Тврдина“. За време на распитот, на судијата му се слошило и уште не се вратил на работа.

    Вчера во Кривичниот суд почна постапката и против демонстрантите Никола Аризанов и Филип Наковски кои беа приведени на протестите на 13 ти април, И тие се во домашен притвор и се единствени од првата група приведени кои добија кривични пријави.

    Според полицискиот извешај двајцата приведени учествувале во кршење на инвентарот на Народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов. Обвинителството побара да платат штета од 15.000 евра, но судијката го одложи рочиштето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари