ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА Е ПРЕД КРИВИЧНИОТ СУД, ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА САВЕСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА Е ПРЕД КРИВИЧНИОТ СУД, ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА САВЕСКИ

    Пред Основниот суд Скопје 1 Шарента револуција протестира за слобода на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски. Почна судењето на Савески кое досега трипати беше одложувано. Демонстрантите сметаат дека двајцата се неправедно обвинети и бараат нивно ослободување.

    Здравко Савески и Владимир Куновски се веќе 45 дена во куќен притвор. Тие се обвинети за демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов.

    „Сакаме да им порачаме на сите режимски измеќари во правосудството дека полека но сигурно одбројуваме. Нашето трпение е при крај, затоа што против секоја судска пракса, дали домашна или меѓународна, противзаконски се држат нашите другари“, рече Димитар Апасиев од Левица.

    Тој и неговите сопартијци потсетија дека во нивниот тефтер се запишани имињата на Снежана Бундалевска Георгиевска – јавната обвинителка која бара ефективен притвор за демонстрантите, Весна Петровска Тагасовска – кривичната судијка која им одреди куќен притвор и Владимир Панчевски – претседателот на Кривичниот суд Скопје, кој, според демонстрантите, ги деградира судиите кои нема да одредат притвор.

    За во 18 часот вечерва најавен е и вообичаениот протест на Шарената револуција пред седиштето на СЈО кој ќе биде како потсетник на барањата на демонстрантите.

    „Поминаа три дена откако Иванов целосно ја повлече аболицијата и откако прецизно ги испорачавме нашите црвени линии и рокови. Власта молчи, Уставниот суд молчи, институциите на прогонот молчат. Време е за нов крик, време е да ги потсетиме дека до 18 јуни Уставниот суд мора да се произнесе за уставноста на СЈО за да сме сигурни дека правдата ќе биде заштитена“ стои во повикот објавен на Фејсбук страницата на Шарена револуција.

    Уставниот суд ја објави агендата за следната седница, која ќе се одржи в среда, а меѓу предложените точки што ќе бидат на дневен ред ја нема иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на Законот за Специјално јавно обвинителство, поднесена пред повеќе од 8 месеци.

    На последниот протест во понеделникот, демонстрантите испорачаа неколку барања со рок да се исполнат до 18 јуни. Покрај двете барања за итно ослободување на демонстрантите од обвиненија и за изјаснување на Уставниот суд за уставноста на законот за СЈО, тие побараа и оставка од актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари