ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА НАМЕСТО ВЛАДАТА ГИ ОБОИ ПОЛИЦАЈЦИТЕ И ОГРАДАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:40:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ)

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА НАМЕСТО ВЛАДАТА ГИ ОБОИ ПОЛИЦАЈЦИТЕ И ОГРАДАТА

    Вечерашниот протест на шарените револуционери заврши пред Владата каде што демонстрантите не успеаја да ја обојат зградата на Владата. Бојата стаса само до столбовите на неодамна поставената украсна ограда и до неколку полицајци што ја обезбедуваа зградата.

    Демонстрантите пред Владата извикуваа: „Шутка не ти бега Никола!“и „Мафија на робија“. Вечерашниот протест беше посветен на борбата против корупција.

    До Владата шарените револуционери стигнаа марширајќи пред Министерството за надворешни работи и преку мостот Гоце Делчев. На чело одеше кола со звучници од кои се пуштаа италијанската револуционерна песна „Бела чао„, македонската песна „Неправда“ од легендарната група Лева патика, македонската химна, а спикер со повици „Грујо оди си, спаси ја Македонија!“ ја дигаше атмосферата.

    Шарени балони летнаа кон небото заедно со сликата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски со повиците „Грујо оди си, спаси ја Македонија“. (Фото: СДК.МК)

    Шарени балони летнаа кон небото заедно со сликата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски со повиците „Грујо оди си, спаси ја Македонија“. (Фото: СДК.МК)

    Антивладините демонстранти пред тоа ја обоија зградата каде што е сместена Антикорупциската комисија во близина на Собранието на Македонија.

    Пет-шест девојки со чадори ги штитеа полицајците кои стоеја пред влезот, за да ги заштитат од боите, затоа што, како што рекоа, бојата не е наменета за полицијата, туку за корумпираната власт.

    Пред тоа стотици шарени балони летнаа носејќи ја сликата на Никола Груевски кон небото, на демонстрациите пред Собранието на Македонија, во близина на седиштето на Антикорупциската комисија во Скопје.

    Граѓаните викаа: „Да одлета Грујо, како што одлетаа балоните“. Еден балон се закачи на жица што предизвика еуфорија и смеење меѓу присутните.

    Организаторите поставија голема картонска машина за перење пари на еден постамент во Паркот на жената борец, како споменик за корумпираната Влада.

    Пред Собранието се пуштаа снимките од бомбите за наводната провизија од кинеските кредити за автопатиштата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари