ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ПОВТОРНО БОИ ПРЕД СОБРАНИЕТО ЗА ПОДДРШКА НА СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:40:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ)

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ПОВТОРНО БОИ ПРЕД СОБРАНИЕТО ЗА ПОДДРШКА НА СЈО

    Шарените револуционери кои попладнево се собраа пред Собранието на Македонија за поддршка на СЈО почнаа со боење на улицата. Тие се уште се собираат на протестот откако со објаснување дека и се врши мобинг, попладнево обвинителката Јанева ја напушти седницата на Комисијата за политички систем, каде веќе четврт ден на дневен ред е Извештајот на СЈО. Таа најави дека повеќе не доаѓа на седници на Комисијата и дека ќе се појави само на пленарната седница.

    Во меѓувреме полицијата го обезбеди теренот до и околу Собранието. Постави метална ограда на сите места кои во претходните протести беа мета на Шарената револуција. Собранието е двојно заштитено. Еднаш со метална ограда која го ограничува пристапот до зградата и уште еднаш со скеле и заштитна мрежа поставени за чистење на фасадата од бомбите со боја на Шарена револуција.

    Шарената револуција денес протестира за поддршка на СЈО оти институцијата повторно е под напад на, како што велат, режимските гласноговорници.

    „Власта со која сè уште управува обвинетиот Груевски, ја користи секоја можност за да ја блокира работата на оваа институција. Судиите од тефтерот на Горде продолжуваат да ги одбиваат барањата за притвор, го укинаа единственото што беше прифатено и го вратија едниот обвинителен предлог што СЈО го поднесе до кривичното одделение, поради причина која не им е проблем кога постапуваат по предметите на Зврлевски. Уставниот суд сè уште нема закажано седница на која ќе се разгледува иницијативата за уставноста на СЈО. Пратениците од ДПМНЕ одбиваат секаква поддршка за СЈО. Одбиваат да ги донесат потребните законски измени за заштита на сведоци и на свиркачи, одбиваат да го продолжат рокот за работење на СЈО, а собраниската говорница ја користат само за дискредитација на Катица Јанева и на институцијата што таа ја претставува“, стоеше во повикот за собир на Шарената револуција објавен на Фејсбук.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира