ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СЕ ОБИДУВА ДА ГО УРНЕ ПРОМЕТЕЈ ВО ПАРКОТ „ЖЕНА-БОРЕЦ“

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СЕ ОБИДУВА ДА ГО УРНЕ ПРОМЕТЕЈ ВО ПАРКОТ „ЖЕНА-БОРЕЦ“

    Активисти на Шарената револуција се обидуваат да го урнат споменикот Прометеј во паркот „Жена – борец“. Ја тргнаа мрежата со која беше заградено скелето и се искачуваат по него. Останатите скандираат „Нема правда, нема мир“.

    Со големиот чатал Шарената револуција претходно распали по фасадата на Собранието. Илјадници демонстранти вечерва во живо даваа подршка на боењето.

    Собрание е последната точка за вечерашниот протест. Демонстрантите со компресор ја боеја фасадата на Министерството за правда, а дел од нив ја каменуваа и скршија неколку прозорци. Таму дојдоа откако пред Влада имаше говори од огранизаторите.

    „Сите се дел од промената, гласот на граѓаните мора да важи, да се чуе секаде. Заедно со партиите, сите кои го кренаа гласот против ова злосторничко здружение. Груевски тргни ги канџите од СЈО, Уставниот суд мора да се произнесе и да не ја држи правдата во заложништво“, рече Богоевски.

    И Владимир Куновски од „Левица“ кој помина 50 дена во притвор, беше меѓу говорниците пред Влада. Рече дека на протестите гледа како на ментален Илинден и наглсаси дека ова се историски моменти  во кои граѓаните се обединети за формирање на нова граѓанска, демократска и социјална држава.

    По него, говор имаше Радмила Шеќеринска кој рече дека нема шанси за уште едни криминални избори.

    „Молк веќе нема во Македонија, стравот  сега е само во една фамилија и таму ќе остане. Груевски сака да го сврти народот против народот, но нема шанси. Корупцијата има име и презиме и еден излез од кризата- оние кои краделе треба да одговараат“, рече Шеќеринска.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари